Столот SILQ има само 30 делови – и е дизајниран така што секој би можел да седне и да се чувствува удобно без да мора да го прилагодува.

Денешните канцелариски столици се чудесија на современото инженерство, со комплексни системи на пружини, точки на вртење и механички елементи кои можат да се прилагодат на ad nauseam – луѓето високи, ниски, големи и мали можат да манипулираат со столот  така што ќе направат да им биде удобно. Но, брендот Steelcase, производител на високо-технолошки канцелариски столици, се враќа на основите со својата најнова понуда: новиот стол наречен SILQ делумно од јаглеродни влакна, кој има само еден лост за прилагодување на висината.

Тоа е, исто така, стол дизајниран за флексибилни работни простори во модерната канцеларија, каде што работниците се движат од собата за состаноци до заедничкиот просторот за работа и можеби ќе застанат покрај нивното работно место по пат. SILQ претставува транзиција од бескрајно приспособливите работни столчиња  од изминатите децении, наменети за времето кога од луѓето се очекувало да седат на едно работно биро цел ден. Потпретседателот на Steelcase за дизајн и инженерство, James Ludwig смета дека кога работата е динамична, канцеларискиот мебел мора да биде флексибилен. “Ако се движите од еден простор во друг, околината во која се движите треба да е поинтуитивна и да ви одговора без да мора вие да се грижите за тоа, со што поуспешно ќе  ви овозможи да го направите она што треба да го направите – и притоа да не трошите време на  „декодирање“ на  вашата околина и персонализирање на истата “, вели Ludwig.

Steelcase, 105-годишна компанија со седиште во Grand Rapids, Michigan, одамна ја изгради својата репутација на бескрајно прилагодливи канцелариски столчиња. Но, во 2008 година, Лудвиг имаше идеја за нешто поинакво. Тој скицирал стол од висечки тип со елегантно заоблен грб. Идејата била дека материјалот на столчето ќе ги замени некои од подесивите опции. Тој им го предаде на своите инженери и побара од нив да го направат за него, но не можеа да најдат начин да ја намалат комплексноста на поединечните подесиви делови како што замислил Ludwig.

Дизајнот беше неуспешен се до 2016 година. Со напредокот во науката за материјали, Ludwig го најде совршениот материјал за да ја оживее својата визија: лесните, но силни јаглеродни влакна, кои исто така се користат во авионите и на луксузните автомобили. И сега Steelcase лансира нова канцелариска столица со јаглеродни влакна. Со искористување на својствата на јаглеродни влакна, Лудвиг и неговиот тим успеаја да ги елиминираат многуте механички елементи за подесување на столот. Резултатот, наречен SILQ, има само 30 делови, додека вашиот просечен работен стол има повеќе од 250 делови. Но, со едноставноста на дизајнот доаѓа уште поедноставната идеја – луѓето во суштина и не сакаат да ги прилагодуваат своите столчиња воопшто. Но, тоа е тежок проблем да се реши кога луѓето се со различна градба и големини. Поради флексибилноста и силата што ја даваат јаглеродните влакна на мекиот дел, секој друг дел од столчето се приспособува на лицето што седи на него, без разлика дали е метро и половина или две.

“Целото столче се базира на материјалот”, вели Ludwig. “Нема точки на вртење, нема механички елементи. Нема машина. Сето ова е засновано на геометријата, материјалите и сето она што сме го направиле, тие сили се базираат на енергијата што ја вложуваме во неа “.

SILQ, кој ќе биде достапен за порачки во пролет, има заоблен, тесен заден дел, поддржан од лулката направена од јаглеродни влакна. Две крила се среќаваат под седиштето и се закривуваат покрај лулката за да ги формираат потпирачите за раце. Во суштина, таа задна лулка функционира како компатибилен механизам, каде што флексибилноста на самите материјали обезбедува поддршка за вашето тело. Тоа значи дека кога сакате да се наслоните на столот, тоа не се механичките зглобови што ви дозволуваат да го сторите тоа , тоа е едно искривено парче јаглеродно влакно кое се свиткува. И кога ќе седите, тензијата создадена од аглите во столот е она што ви дава поддршка на грбот.

Јаглеродни влакна не се евтини. Ниту пак столот. Официјалната цена сеуште не е објавена, но Steelcase потврди дека ќе чини повеќе од 3.000 долари, слично на она што би го потрошиле на оригиналната столица на Eames. Но, Ludwig, знаејќи дека стол за таа цена ќе биде повеќе од бенефит за секојдневниот канцелариски работник, исто така, му наложи на тимот да создаде замена за јаглеродни влакна, така што “Steelcase” би можела да го продаде дизајнот на SILQ на глобалниот пазар. Ludwig го нарекува материјалот “перформансен полимер”, и вели дека е развиен со користење на компјутерско моделирање за да се осигура дека има слични својства на јаглеродните влакна и ќе функционира во рамките на столот на ист начин. Но, за разлика од јаглеродните влакна, кои мора да бидат прецизно слоевидно поставени пред да се притиснат заедно, полимер се произведува со микс на традиционално вбризгување. Ludwig вели дека неговиот тим поднел повеќе патенти за материјалот и процесот и дека нема да споделува повеќе детали. Поевтината верзија на SILQ чини 970 долари, што е сеуште повеќе од другите високо квалитетни канцелариски столици како Aeron.

Накратко можев да пробам еден од 30-те  прототипи што ги имаше компанијата на глобалниот пазар во декември 2017 година. Воглавно се чувствував како да седам во добра канцелариска столица – удобно, со некоја убава поддршка во долниот дел на грбот. Јас сум човек со просечна големина, така што не можев да кажам дали столот работи, како што е и рекламиран, за да опфати широк спектар на височини без прилагодувања. Но, како некој што никогаш не сака да се мачи да го прилагоди своето столче морам да признам дека ми е допаѓа идејата да не треба да се мачам со многу рачки што лежат под седиштето на мојата сегашна столица.

Овој елемент на дизајнот на SILQ се движи кон промена во размислувањето за тоа како нашите простори треба да се однесуваат. Наместо да ги прилагодуваме со бескрајно бирање и копчиња за да постигнеме персонализирана околина која работи совршено за нас, ние сакаме собата веќе да нè „знае“. Тоа е идејата зад ambient computing, каде што компјутерот вграден во ѕидовите на вашиот простор веќе знае кој си и ги знае вашите параметри, бидејќи ги следи со текот на времето, (нема потреба од екран). Двете се обидуваат да постигнат слични цели – да го намалат менталното оптоварување што доаѓа од преголемиот број на избори (и да им помогне на вработените да бидат попродуктивни). Тоа е истата тенденција што ни прави толку тешкотии додека да се одлучиме што да гледате на Netflix.

“Персонализацијата мислам дека отиде толку далеку што навистина стана когнитивен товар”, вели Ludwig. “Не само што има премногу видови на паста за заби, но има и премногу избор за се што денес користиме”.

Се разбира, во еден свет каде што се покажа дека седењето е новото пушење, SILQ сеуште е само место за седење. Но, Ludwig се надева дека полесно ќе се вклопи во канцеларијата на 21-от век, каде што повеќе луѓе се движат наоколу во флексибилните простори, бидејќи дури и стоечките работници имаат потреба од одмор во одреден момент.

“На крајот, нашата цел е да работиме на елиминирање на тензиите во светот на бизнисот”, вели Ludwig. “Никој не сака да поминува време размислувајќи за работното место”.

https://www.fastcompany.com/90158501/exclusive-steelcases-silq-is-the-office-chair-of-the-future

Katherine Schwab