Steelcase и Microsoft ги претставуваат Creative Spaces – низа од простории и технологии кои го овозможуваат и поттикнуваат креативниот процес.

На иднината и се потребни креативни мислители/творци. Соочени сме со глобалните прашања кои бараат од нас да го ослободиме нашиот креативен потенцијал, да ги решиме проблемите, да создадеме нови поврзувања и нови идеи. Креативноста не е област само на актерите и музичарите. Тоа е процес во кој сите ние можеме да се приклучиме и сите треба да помогнеме. Тоа е една од причините зошто Steelcase и Microsoft го објавија партнерството, со цел да им помогнат на луѓето да ги подобрат критичните однесувања на работното место. Двете компании го претставија Creative Spaces (креативен простор), заеднички развиена низа од простории со интегрирана технологија кои се дизајнирани да го негуваат креативното размислување на работното место.

Според истражувањето спроведено од страна на двете компании, креативноста е значајна работна вештина во 21-от век, поттикната од потребата за иновации и раст, како и желбата на вработените за повеќе значајни работи. Сепак и покрај желбата да се подигне креативноста, многу организации не размислуваат за инвестиции во технологијата и просторот. Резултат од истражувањето: создадените услови за креативност на работното место честопати не се оптимални.

Заедничките истражувања објавени од страна на двете компании го откриваат притисокот кој луѓето го чувствуваат при преминот кон креативната работа:

Постои потреба за соработка,но само 25% од испитаниците чувствуваат дека можат да бидат покреативни во просториите кои во моментот им се достапни за групна работа.
Истражувањето исто така ја открива поврзаноста помеѓу креативноста и приватноста. Според оценките на вработените, имање место на кое тие можат да работат без да бидат вознемирувани е вториот важен фактор кој може да ја подобри креативноста, веднаш по потребата од повеќе време за размислување.
”Проблемите со кои денес се соочуваме на работното место се многу покомплексни, од тоа што беа претходно.Тие бараат нов креативен начин на размислување и многу поинаков процес на работа” вели Sara Armbruster, потпретседател на стратегија, истражување и нови бизнис иновации за Steelcase.
”Ние веруваме дека секој има капацитет за креативно размислување и луѓето се посреќни работејќи креативна и продуктивна работа. Microsoft и Steelcase заедно ќе им помогнат на компаниите внимателно да ги интегрираат работните места и технологијата и да го поттикнат креативното работење.

Заедничкото истражување на креативното работење, открива дека креативноста бара различни начини на работа и различни технологии. Луѓето низ креативниот процес имаат потреба да работат сами, во пар или во групи од различен размер, како и дека имаат потреба од опрема која е пренослива или интегрирана во работните простории. Покрај тоа, просторот треба да ги инспирира луѓето без да се загрозат перформансите.

“Секој Microsoft Surface уред тежнее да го пробуди креативецот во секој од нас. Уредите како Surface Studio и Surface Hub се фундаментално дизајнирани, околу кои луѓето креираат, се поврзуваат или соработуваат“ вели Ryan Gavin- генерален менаџер на Microsoft Surface. Со Steelcase ја имаме таа можност да ги вклопиме местото и технологијата во едноставен амбиент/компактна целина која му овозможува на нашиот најголем ресурс- луѓето, да ја ослободат својата креативност и да ја споделат со останатите. Ова е модерно работно место“.

“Повеќето вработени сеуште работат со застарена технологија и на места кои сеуште се вкоренети во минатото, што им отежнува да работат на нов и креативен начин“ вели Bob O’Donnell претседател, основач и главен аналитичар во TECHnalysis истражување. “Creative Spaces беа јасно дизајнирани на начин да го премостат јазолот помеѓу средината и технологијата и да помогне креативната работа да се одвива што повеќе природно.

Првите пет Creative Spaces се изложени во Steelcase WorkLife Center во Њујорк.

Respite Room

Креативната работа бара многу мозочни активности, вклучувајќи ја потребата да се балансира активната групна работа и индивидуалното време за размислување. Овие приватни соби овозможуваат релаксирачки пози со кои се овозможува задржување на вниманието.

Focus Studio

Индивидуалната креативна работа бара време да се фокусирате и да бидете во тек, а во исто време овозможува кратка соработка помеѓу две лица. Тое е место каде што идеите се развиваат и се дефинираат пред да бидат споделени со групата.

Duo Studio

Работата во парови е основата на креативното однесување.Ова место Ви ја дава потребната довербата, за двајца да можат заеднички да креираат “рамо до рамо”, додека истоврмено ја поддржува и самостојната работа. Таа вклучува и дел во кој може да ги поканите останатите од тимот на кратко разгледување и креативна препорака за новите идеи или за опуштање и пауза, без да ја напуштите просторијата.

Maker Commons

Здружување на идеи и брзи прототипови се важен дел на креативноста. Овој простор е дизајниран да го охрабри брзото преминување од една на друга тема на разговор, експериментирањето и концентрацијата.

Ideation Hub

Високо технолошка дестинација што го промовира активното учење и еднаквите можности за придонес, додека луѓето заеднички создаваат, обработуваат и споделуваат идеи со останатите членови, кои се во близина или на друго место.