Соединувањето на новиот скандинавски дизајн и водечкиот светски производител на канцелариски мебел: тоа е почетнатa точка на новото партнерство помеѓу компаниите Steelcase и Bolia.

Ексклузивната колекција на данската компанија Bolia за Steelcase се состои од внимателно одбрани парчиња мебел и додатоци кои се совршени за создавање луксузни и инспиративни канцеларии. Во денешно време луѓето очекуваат најразлични работи кога се во прашање нивните канцеларии. Сакаат опкружување во кое ќе се чувствуваат добро, а истовремено да биде дизајнирано во склад со новите начини на работа. Сакаат да ги потсетува на домот,но сепак да ја имаат приватноста, ергономијата и технологиите неопходни за извршување на работните задачи на најдобар можен начин.Простории кои го соединуваат дизајнот и материјалноста,без притоа да ги загрозат перформансите на работникот,може да поттикнат кон нови начини на размислување и позитивно да влијаат на креативноста.

Bolia нуди врвни,вешто изработени парчиња мебел чие креативно совршенство ги прави работните простории софистицирани и поубави.Оваа нова соработка им користи на архитектите,дизајнерите и клиентите,бидејќи им овозможува пристап до широк спектар на дизајнирски избори поддржани од веродостојна комерцијална дистрибуција. Bolia го користи своето нордиско наследство како би создала опкружување кое зрачи со топлина на смелите и луксузни материјали.