Денес, на работното место, се почесто се чувствуваме како дома и често се наоѓаме во ситуација да сакаме одредени предмети од работа да ги земеме со себе дома.
Канцеларијата е во минатото била море на едноликост. Но, со текот на времето, канцеларијата подобро не „запозна“. Научил што сакаме и во кои услови се чувствуваме добро во нејзиниот креативен простор. Денес, на работа, се чувствуваме се повеќе и повеќе како дома. Понатаму, ние често одиме во канцеларија и бараме работи што сакаме да ги донесеме дома и да ги покажеме на семејствата. Еве 10 работи со кои сме воодушевени и поради кои се чувствуваме како дома.
Уживајте во моментот
Поради „атрактивната силуета“ на столчето SILQ, едноставно само сакаме да седнеме и уживаме во моментот. Благодарение на иновативните материјали, овој стол е и лесен и силен во исто време, а повеќето механизмите што ги поврзуваме со современите канцелариски столици, се елиминирани. Списанието Surface го нарече стол “од кој никогаш нема да сакате да станете”. За потребите на канцеларијата дома, не може да направи подобро.
Прочитајте за столчето SILQ за иднината
: https://www.delightoffice.mk/silq-од-steelcase-е-канцелариски-стол-на-иднината/
Седнете
Без разлика колку пати сакаме да го смениме изгледот на мебелот во дневната соба, седечката гарнитурата Umami, не може да нѐ разочара. Umami нуди бескрајна разновидност на конфигурациите . Исто така, нивниот флексибилен, модерен дизајн на канцелариски софи ги прави просторите уникатни за секој корисник.
Осветлете
Осветлувањето придонесува за добро расположение во просторијата. Инспириран од жичарницата во Лондон, чии кабли се испреплетени, Michael Anastassiades ја дизајнираше линијата на лампи String Lights за компанијата Флос. Светилките се достапни во конусна, како и во кружна верзија.
Направете чекор напред
Подните облоги ви носат текстура и топлина во просторот. Мисијата на компанијата Interface е едноставна: тие прават модуларни подни облоги, но овозможуваат уникатен дизајн. Подовите дизајнирани во неутрални бои додаваат поглед на луксуз и стил во секоја просторија.
Колекциите на подните облоги можете да ги видите на:
: https://www.delightoffice.mk/подни-облоги/
Опуштете се
Оваа елегантна конференциска столица Massaud од компанијата Coalesse изгледа како помодерна верзија на класичниот конференциски стол, иако таа е повеќе од уникатен дизајн. Нуди софистицирана естетика за дневна соба, како и за конференциска сала.
Повеќе за Massaud конференциската столица:
https://www.delightoffice.mk/m/coalesse-mk/седење/massaud-lounge-collection-4/
Соберете се
Mix масите на Bolia овозможуваат креирање на работна маса за секој поединец. Можеме да избереме стандардна работна површина и да ја вклопиме со нашата личност со избирање на традиционални или органски форми на дрвени површини, притоа создавајќи природен и лесен поглед на деловниот простор.
Производот Mix можете да го најдете на:
: https://www.delightoffice.mk/p/home-lounge-мебел/мали-масички/mix/
Дружете се
Enea Café Wooden Chair од компанијата Coalesse е дел од мебелот кој во исто време има и станбени и социјални карактеристики. Нејзиниот топол, стилски дизајн ни дава место за одмор и полнење на батериите додека зборуваме со пријателите и колегите.
Наместете го седиштето
Софата MN_K на компанијата Steelcase носи допир на удобност и стил во секој простор и нуди цврст потпирач за грб додека комуницирате со вашите колеги. Покрај тоа, комбинирањето на свежиот спектар на бои и материјали и уникатните комбинации, создаваат неформален и единствен работен простор.
Поткренете ги нозете
Фотељата Hosu од компанијата Coalesse е комфорна оаза во средината на секој простор. Оваа единствена подесива фотеља помага при релаксирање и подобрување на концентрацијата.
Hosu побарајте ја на:
: https://www.delightoffice.mk/m/coalesse-mk/седење/hosu-4/
Одмор и полнење на батериите
Кој не би сакал простор за одмор дома ? Ова индивидуално, заштитено опкружување ни нуди место за релаксација каде мозокот може да се одмори и да ги „наполни батериите“.
Izvor: https://www.steelcase.com/research/articles/topics/workplace/10-things-love-work-want-home/
Autor: Rebecca Charbauski