Доколку некогаш сте работеле во бучна канцелариска атмосфера, најверојатно сте се соочиле со многубројни секојдневни препреки, било да се работи за зборлест колега, гласни тонови на мобилните телефони или радио.

Запрашајте се. Колку пати сте морале да се изолирате да би ги завршиле важните задачи.

Многу канцеларии го прифаќаат “open space” начинот на работа како би ја подобриле меѓусебната соработка, но при таква колаборативна атмосфера, индивидуалното работно место од отворен тип може да биде сериозно загрозено.

14-0004199

“Оpen space” простор 60-65db

На големите компании голем предизвик им е да ја одржат рамнотежата на ефикасни “оpen space” работни места, без да се компромитира благосостојбата и продуктивноста на вработениот поединец.

Канцелариите од отворен тип се “лулашки­” на буката,од тропкање по тастаурата, до канцелариските трачеви и ѕвонења на мобилните телефони.

Понекогаш, акустиката може да има особено влијание на краткорочната продуктивност што може да резултира со долгорочно негативно влијание на благосостојбата на вработените и на крај на приходите на компанијата.

Според истражувањата на ISPOS, утврдено е дека вработените кои работат во “open space” простор, губат 85 минути дневно поради најразлични пречки.

Акустичните решенија изобилуваат со едноставни техники кои менаџерите може да ги искористат за максимална ергономичност на работните места за своите вработени.Технолошките иновации, на пример звучно апсорбирачки преградни панели, можат да ја намалат буката во поединечни зони, а со поставување на теписон наместо тврд под,се апсорбираат несаканите звуци и се редуцира буката.

Идејата за понатамошно максмизирање на “open space” работни места за уште повеќе вработени и понатаму е најголем предизвик со кој се соочуваат дизајнерите.

За “open space” работните места да бидат идеални за соработка со колегите, работната атмосфера мора да биде крајно совршена и тоа на начин да е прилагодена на сите.

Запомнете, постојат многу различни начини за подобрување на акустиката во просторот. На пример, создавање на одвоени работни зони со помош на прегради, звучно изолирање на конференциските сали и користење на материјали за апсорпција и одбивање на звуци од работните маси.

Со разумно осмислување на канцеларискиот дизајн и изборот на материјали, начинот на кој го набљудуваме своето работно опкружување може многу да се промени за секој од нас.