Од моментот кога ќе одлучите да го уредите вашиот простор и да го нарачате мебелот, во периодот до испорака можеме да ви обезбедиме заменски мебел. За секоја нарачка, мебелот што сте го порачале се произведува според вашите желби и спецификации, додека времето за испорака зависи од елементите што сте ги нарачале. Доколку просторот што го опремувате е готов пред пристигнување на мебелот, можеме да ви обезбедиме заменски мебел за да може вашиот персонал без прекин да си ја врши работата.