Покрај канцеларискиот мебел, клучна улога во опремувањето на деловниот и работниот простор имаат и подните облоги. Нашата широка палета на подови е поделена во две категории и тоа: текстилни подни облоги и LVT винилни подни облоги.
Текстилните подни облоги играат клучна улога во дефинирањето на атмосферата и функционалноста во просторот. Предностите при изборот на текстилните облоги се во удобноста и акустиката на модуларните облоги. Лесна инсталација и одржување, обезбедување подобар квалитет на воздухот и лесна замена на поединечни парчиња во случај на физичко оштетување. Комбинации на бои и текстури или избор со тврди подови, обезбедуваат повеќе можности за создавање препознатлив корпоративен идентитет.
Луксузните винилни подни облоги (пвц подови) се инспирирани од дезени и материјали од природата и ја зголемуваат благосостојбата на корисниците на просторот. Со својот одржлив животен циклус ги отстрануваат штетните материи и ја штитат животната средина. Имитациите на текстури и бои на камен, дрво и други природни материјали во комбинација со текстилни облоги даваат уште повеќе можности во дизајнот на подот. Издржливоста и акустиката на винилните подови ги прави погодни за различни простори од деловни и хотели до медицински и други установи.
Преминот од LVT на текстилен под е лесен. Интегрираниот модуларен состав на подовите овозможува спојување на облогата без истакнати транзиции. Можно е да се истражат бескрајните можности со комбинирање на модели и бои за да се создаде навистина уникатен дизајн на подот.
Со ценовна достапност, подните облоги од нашата палета претставуваат сигурна инвестиција со гаранција од 15 години.