Изгледот на вашата канцеларија можеби не ви делува како пресуден фактор, но тоа треба да го разгледате многу рано пред да одлучите да ја промените вашата канцеларија и започнете со преместување на мебелот. Севкупната канцелариска средина, плановите за седење и стилот на масите можат да имаат огромно влијание врз вашата работна сила, што не доведува до прашањето со кое се занимаваме денес: Kако може распоредот на вашата канцеларија да влијае врз вашите вработени?
Очигледниот клуч за успешен бизнис е ангажирање на најдобрите и најпаметни луѓе во вашиот тим, но можноста да работат на највисоко ниво е исто така од витално значење за водење ефикасно претпријатие. Ние составивме мал водич со цел да ви помогнеме да го купите вистинскиот канцелариски мебел со добар распоред без при тоа негативно да влијаете на вашите вработени.
Негативности при погрешно планирање на масите и столиците
Прво ги разгледуваме недостатоците на веќе постоечки погрешен план; ако не го добиете правилниот распоред за седење по работни бироа за вашите вработени, може да имате сериозни реперкусии по вашиот бизнис. Сето тоа може да го зголеми нивото на стрес, незадоволството од работата, да придонесе со отсуството од работа, што ќе биде резултат од начинот на кој е дизајнирана канцеларијата, од неповолно дизајнираните бироа на кои вработените најчесто го делат работниот простор и истите постојано ги преместуваат.
Канцелариското опкружување низ годините
Премотајте го филмот напред кон “21– от век” кон компаниите како што е на пример компанијата Google, кои што започнуваат да влијаат на една од најголемите промени во канцеларијата. Тоа го прават со воведување работни места кои вработените ги делат и за работа и за релаксација, заедно со ергономски подобрувања на стоечките работни маси, сепарињата за седење и флексибилното работно време. Некои дизајни во канцелариите имаат за цел да го донесат надворешниот просторот во внатрешниот ентериер или да изгледаат поразлично со она што ќе го одберат како тема на канцеларијата или собата.
Поблизок поглед на некои стилови на канцелариски опкружувања
Соголено канцелариско опкружување
Ова опкружување вклучува минимален број на канцелариски помагала, што овозможува едноставно делење на работните маси поради недостатокот на персонализација. Многу луѓе веруваат дека ова е најефикасниот начин да се работи, бидејќи таквата поставеност осигурува дека ќе има помало одвлекување на вниманието.
Постојат многу предности кои доаѓаат со делење заедничка работна маса во одредени канцелариски средини, како што е можноста вработените да комуницираат помеѓу одделенијата, флексибилност во вршење на работата од различни локации, како и заштедување простор и пари. Меѓутоа, овој распоред може негативно да влијае на вашите вработени, бидејќи тие не можат да ги персонализираат нивните работни маси и да ги остават документите во нивните фиоки, а тоа значи да се расправаат со документите дома или пак да ги сместат во шкафче.
Збогатено канцелариско опкружување
Во овој случај вработените работат во канцеларија уредена/декорирана со украси, но тие се одредени исклучиво од менаџментот.
Ова има мало позитивно влијание врз опкружувањето, но проблемот може да биде присилното декорирање за кое нема еманципација или персонализација од страна на поединечни членови на персоналот.
Авторизирано канцелариско опкружување
Распоредот на оваа канцеларија им овозможува на вработените самостојно да одлучат како да ја збогатат и декорираат нивната работна околина. Не смеете да дозволите целосна слобода бидејќи можете да добиете огромно пренатрупано опкружување, но можете да им го сугерирате на своите вработени буџетот или бројот на предмети кои им се дозволени да ги купат.
Покрај тоа што сакате вашите вработени да ја персонализираат канцеларијата, ние препорачуваме да дозволите мали количини на бои низ канцеларијата, секако во согласност со боите на брендот на вашиот бизнис. Нашата HD работна маса и столица се достапни во 5 светли бои. Исто така, постојат бројни различни начини на кои можете да додадете боја во канцеларијата, а светлите бои ќе помогнат да ги мотивирате вашите вработени.
Распоред на седење во канцеларија
Не само што треба да ја разгледате важноста на распоредот во канцеларијата, туку и каде и како седат луѓето. Кога смислувате план за седење во канцеларијата, треба да размислите за вашиот тим/тимови и за тоа како ќе функционира/ат најдобро нивната соработка. На пример, седењето на новите вработени блиску до нивните колеги од истото одделение, овозможува полесно комуницирање во работата.
Каде да седите на состаноците?
Типично, на состаноците, луѓето имаат слободен избор за тоа каде да седат. Бидете внимателни на местата за седење ако сакате одреден резултат (или барем да помогнете во некоја придобивка), следејќи ги овие принципи на седење:
Правоаголни маси за состаноци – Лидер на масата
Правоаголна маса за состаноци често бара лидер. Ако не сте природно најдобар лидер или комуникатор, но сте во позиција да треба да водите дискусија, најдоброто место за седење е на “чело на масата”. Сепак, бидете свесни доколку има некој што седи на спротивниот крај од масата за состаноци, ова лице може да се почувствува како да застапува мислење спротивно од вашето. Во овој случај, најдобро е да го отстраните столчето на спротивниот крај на масата за да го доведете конфликтот на минимум.
Ако на состанокот присуствуваат луѓе се со исти гледишта/ставови како вашите, можеби ќе сакате да ги сместите во ваша близина.
Кружни маси за состаноци – Не бараат лидер
Кружната табела за состаноци значи дека секој има еднаква количина на простор и нема лидер на масата. Ова ги поттикнува луѓето да бидат поотворени во изразувањето на своите ставови.
Покрај изгледот на вашата канцеларија, исто така треба да размислите за додавање на моменти на креативност во вашиот работен простор, бидејќи тоа може да биде одличен начин за зголемување на вашата продуктивност.