Ергономијата е проучување на ефикасноста на работното место. Всушност , таа проучува како може да им помогнете на своите работници да останат здрави и подобро да работат.

Покрај тоа што го чува здравјето на вашите вработени , канцелариската ергономија поседува многу други поволности.

Предности на канцелариската ергономија

Ги редуцира трошоците – Со вложување во канцелариската ергономија , можете да го намалите ергономскиот фактор на ризик како што е МКП. МКП е мускулно – коскено пореметување кое се јавува после повторување на движењето или лошото држење. Ако овозможите ергономија во канцеларијата, овие фактори на ризик значително ќе се намалат. На околу една третина од вработените им се плаќа надокнада во случај на МКП. Смалете ги тие трошоци. Инвестирајте во ергономски канцелариски столици.

Ја зголемува продуктивноста – Канцелариската ергономија ја зголемува продуктивноста. Работниот простор кој промовира добро држење, помалку повтрување на движењата , подостапни висини а помалку напор, го негува ефикасниот процес на работа. Поголема ефикасност е еднаква на поголема продуктивност.

12-0001777

Квалитет на работа – Лоша канцелариска ергономија доведува до замор и лесно раздразливи работници , кои неможат да ја завршат својата работата најдобро. Тие може да испуштат важен детал или важен повик од клиент. Најдобар начин да ги задржите своите вработени во топ форма е да инвестирате во работната ергономиија. Вистинската канцелариска ергономија ќе ги задржи сите во најдобра форма за работа.

Подобрување на ангажираноста на вработените – Канцелариската ергономија ќе го намали степенот на отсуства , ќе го “подигне” моралот и ќе ја зголеми ангажираноста на вработените. Исто така, вработените ќе го вреднуваат тоа што компанијата за која работат, се обидува да ја подобри и сочува нивната безбедност и здравје.

Култура на сигурноста – Вложувањето во ергономијата покажува дека вашата компанија е посветена кон здравјето и безбедноста на вработените. Ставајќи ги здравјето и безбедноста како суштински вредности во вашата компанија , можете да создадете посилна сигурносна култура на вашето работно место. Вашите работници се вашето најголемо богатство и грижата за нивното здравје и безбедност е вистинска работа и значи добро работење.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување