We Share Space, водечки оператор на модуларни канцелариски простории во Србија, стана уште еден член на Delight Holding, предводен од Delight Office Solutions, компанија за опремување на деловни простории во регионот Адриа.

Преку темелна имплементација на долгорочни бизнис планови, одговорно деловно работење и континуирана работа на подобрување на процесите, организациската структура и дигитализацијата, Delight Office Solutions се позиционираше како водечка компанија која нуди комплетни решенија за опремување на деловни простории во Србија, но и како прва и единствена компанија во оваа област која го прошири своето работење на пазарот на поранешна Југославија.

Приклучувањето на We Share Space е само првиот чекор во спроведувањето на долгорочна стратегија за понатамошен развој на Delight Holding преку органски раст на постојниот бизнис за внатрешен дизајн, диверзификација на активностите преку други комплементарни бизниси и географски раст со влез на новите пазари.

We Share Space го одбележа својот бизнис и значителниот раст на локалниот пазар во Србија со позиционирање на 8 различни локации во Белград и Нови Сад, а наскоро се планира отворање и на нови локации. Како членка на Delight Holding, We Share Space ќе може да ја реализира својата стратегија за раст во регионот преку франшизен модел на соработка, потпирајќи се на значителните синергетски ефекти во обезбедувањето на комплетна услуга, нудејќи ја потребната флексибилност и многу опции во решавањето на потребите на клиентите.

Со оваа и последователните планирани деловни активности, Delight Holding го постигнува проширувањето и зајакнување на својата позиција на пазарот во Југоисточна Европа. Посветените вработени, ИТ инфраструктурата и организациската структура, како и продажните и деловните простории во главните градови во Регионот го прават Delight Holding важен партнер за поддршка на клиентите во реализацијата на нивните деловни стратегии.