Steelcase i MIT го проучуваат ширењето на капките и аеробните патогени бактерии на работното место. Photo: iStock

 

Steelcase направи избор на стручњаци за проток на дишните капки, за успешно да утврди како дизајнот на работното место може да помогне да се ублажи пренесувањето на болестите.

Произведувач на канцелариски мебел со седиште во Гранд Рапидсу, минатиот месец ја ангажираше професорката Лидија Боуроуба, директорка на одделот за флуидна динамика при пренос на болести, МИТ, за да отпочне нова студија. Боуроуба, математичарка и научничка, специјализирана е за динамиката на течностите и својствата на турбулентните плински облаци кои настануваат при издишувањето, кашлањето или кивањето, и како се шират респираторните патогени микроорганизми.

Целта на истражувањето е да се разбере како тие патогени микроорганизми се шират низ типичните работни распореди и како да се развијат дизајнерски стратегии за ублажување на ширењето на корона вирусот и останати болести. Steelcase ќе соработува со Боуроуба на спроведеното лабораториско испитување и моделирање на конфигурациите на мебел и материјали, за да се утврдат најдобрите комбинации за намалување на ширењето на овие респираторни болести.
Работата ќе се одвива во серија од три фази, а со резултатите од првата фаза веднаш ќе имаат корист и самите организации – пружајќи ги најдобрите пракси за помош при реконфигурирање на постоечките работни места. Во втората и третата фаза, тимовите ќе се фокусираат на напредните технологии кои се поддржани од научни истражувања, математички алгоритми и моделирање поради подобар дизајн на работните места.

Алан Смит, заменик претседател на глобалниот маркетинг на Steelcase рече дека уште во март Steelcase го испрати својот аналитички тим да собере податоци од 8.000 локации кои се инсталирани во текот на минатата година, за да се установат најчестите канцелариски конфигурации кои ќе укажат на сржта на проблемите.

Истражувањето покажа:

77% поединечни работи простории не овозможуваат дистанца од 2 метра помеѓу работниците, како што е препорачано од СЗО. 51% од работните простории имаат еден или немаат елементи за поделба на просторот од напред, од зади или од страна на секоја работна станица. Во комбинација, 98% од работните места ќе бидат опасни. Тоа значи дека овие поставувања немаат оддалеченост од 2 метра или немаат преграда која е висока барем 130 см. Знаејќи дека е потребно минимум 2 метра, Steelcase одлучи да разговара со стручњак за подобро да го разбере ширењето на капките низ воздухот.

Како долгогодишен спонзор на ТЕД конференциите, Steelcase беше запознаен со работата на Боуроуба од разговорите на ТЕДМЕД во 2018 година на тема ‚Ширење на воздухот во внатрешниот простор‘.

Смит ја контактираше научничката и ги сподели сознанијата за распоредот на канцелариите и ризикот, приметувајќи дека во здравствените установи воздухот се менува осум пати во еден час, и во авионите и до 20 пати во еден час, типично греење, состав за вентилација и климатизација (ХВАК) во канцелариите го менува воздухот само 4 до 5 пати во еден час, и со тоа канцелариите ги прави многу поризични за размножување на болести од местата кои вообичаено ги проучува Боуроуба.

Таа се сложи да изработи студија во интерес на јавното здравје.
“Нашата мисија е да се приметат нашите здравствени откритија за позитивно да влијаеме на јавното здравје”, изјави Боуроуба. “Приликата да се работи со Steelcase, светски водечки лидер во решенија за работни места, е возбудлива затоа што овозможува да се ојакне нашата работа за ублажување на ширењето на болестите во поголем обем и да се зголеми бројот на сигурни работни места низ светот.‘

Смит изјави дека студијата ќе се одвива во лабораторијата на МИТ во Кембриџ, Масачусетс, користејќи мебел кои го нацртале дизајнерите на Steelcase. “ќе се набљудува вообичаениот канцелариски распоред во едно типично ХВАK опкружување.”, изјави Смит. “Ќе имаме и човечки субјект, кој ќе кива, кашла и зборува. И така ќе можеме да ги измериме капките низ воздухот со камера.‘

Се очекува студијата да трае околу година дена за сите 3 фази, а партнерите се надеваат дека во наредните 3 месеци ќе ги објават своите почетни откритија од првата фаза.

Смит изјави дека резултатите ќе му помогнат на Steelcase да донесе одлуки на темел на податоците за тоа како тимовите да се вратат на работа, и како би поттикнале подобри иновации од она што може да се случи дома, користејќи ги новите производи и технологии за поголема сигурност. “Значителен темелит пристап моментално е од критично значење, посебно кога се зборува за човечкиот живот и луѓето кои лесно можат да се разболат. Навистина сакаме да се предадеме на знаењето и податоците, а не само на човечката интуиција‘ – изјави Смит.

“Другата работа е дека правилото за оддалеченост од 2 метри се темели на епидемиолошка студија од 1930тите години. Не кажувам дека не е во ред, но постои можност тој број да се ажурира или потврди. Човекот има доволно снага во белите дробови за да кивне подалеку од 7 метри, али низ истражувањата Боуроуба сфатила дека често кивањето, кашлањето, па дури и човечкиот говор може да се аеросолизира во ситни честички кои можат да патуваат и подалеку од 7 метри. Се повеќе читаме за тие аеросолни честички, а истите стануваат и секојдневние во медиумите. Тоа е нешто на кое таа работела повеќе од три години.”

Додаде дека клиентите на Steelcase трагаат по решенија после КОВИД-19.
“Некои од најголемите барања кои ги добиваме од клиентите се работи како додавање нови и повисоки прегради, потреба за реорганизација на работните станици, и едно големо подрачје од интерес е вложување во архитектонски енклави за секој поединец, како самостојни и поврзани згради.” вели Смит.

“Исто така добиваме многу барања за промена на ХВАК составите и додавање на некоја друга технологија за убивање на патогените микроорганизми. А уште една кул работа на која сме посветени е чистење на текстилот и површините со разредувач или обелувач, кој може едноставно да се пролие дирекно на површините без да се оштети бојата или текстурата на таа површина.”

 

 

Втората фаза од студијата ќе се посвети на тестирање специфични концепти на мебел. Во третата фаза истражувачите ќе развиваат математички модел во кој Steelcase ќе може да внесува податоци “предвидување на протокот на воздух и преносот на микроорганизми” за одредени производи, така што секое ново парче мебел надвор од класичната линија на производи не мора да биде посебно тестиранo.
Смит изјави дека предвидувањето на резултатите од студијата нема само да го поттикне Steelcase за развој на многу нови производи кои ќе одговорат на проблемот, како мебел, архитектонски, технолошки и текстилни решенија, туку компанијата ќе може да влезе во партнерство со други технолошки компании од подрачјето ХВАК или технологиите за прочистување на воздухот.

“Мисијата на Steelcase е да направи значајни промени во секојдневниот живот на работното место”. Што друго може да биде подобро од помагање за здравјето на човекот? Навистина сме возбудени поради тоа.” изјави тој.

Автор: Rachel Watson
Извор: grbj.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување