Студиите потврдуваат: Луѓето кои работат во тимови се поиновативни, постигнуваат подобри резултати и покажуваат поголемо задоволство од работата. Всушност, компаниите кои промовираат соработка на работното место имаат 5 пати поголеми шанси да бидат поуспешни и попрофитабилни. Во новата студија спроведена од Steelcase 90% од вработените изјавиле дека соработката е клучна за креирање нови и подобри идеи. Лидерите се уште посигурни, односно 93 % сметаат дека соработката е од суштинско значење за успешно генерирање на идеи.
Како интензивната соработка ја редефинира тимската и индивидуалната работа?
Најновото издание на Steelcase 360 зборува за поместувањето кон тимската работа, новиот начин на работа на тимовите и влијанието што го има врз работата. Денес, многу тимови ја прифаќаат методологијата на дизајнерското размислување и агилното однесување, за да ја структурираат нивната работа. Со разбирање на нивните активности и однесување, можеме да дизајнираме простори кои ќе им помогнат на овие тимови да работат на поинаков начин. Имаме потреба од простори кои ќе работат на начинот на кој ние работиме. Delight ви ја претставува новата Steelcase Flex колекција – мебел што го прати нашето движење.
Новата Steelcase Flex колекција создава динамични простори.
Компаниите бараат динамични движења, создаваат оригинални идеи и ја будат иновацијата, бараат различни размислувања и креативност, она нешто што го има само во тимот – никој тоа не може да го постигне индивидуално. Овие интензивни тимови за соработка денес ја сочинуваат модерната единица со заедничка мисија, задолжена за решавање на комплексни проблеми. Дизајнирана за меѓусебно поврзување и надополнета со „smart“ детали, целата колекција „работи заедно“ и им овозможува на тимовите кога и да посакаат повторно да го реконфигурираат својот простор за само неколку минути.
Погледнете како со Steelcase Flex можат да се прилагодат различните простории на тимовите.
Дизајнерско размислување
Активни позиции во оваа релаксирана средина за соработка поттикнуваат рамноправно учество за време на неформален преглед на дизајнот. Членовите на тимот се чувствуваат слободни да ги споделат своите повратни информации. Луѓето можат да соработуваат, очи-во-очи, со елиминирање на хиерархијата. Лесни се за поместување, а аналогните и дигиталните екрани им помагаат на тимовите да ја споделат својата работа и повторно да ја земат целосната содржина по завршување на работата.
Подвижност
Масите што се подесуваат по висина со едноставни тркалца, им овозможуваат на членовите на тимот паралелно да се движат според потребите на индивидуалното работење и да се повлечат кога е време за фокусирање. Решението за електрификација е едноставно,вштекување на кабелот од масата во приклучокот, така што сите останати делови вградени во масата би имале доток на струја.Акустичните граници се создаваат многу пофлексибилно со поголема можност за конфигурирање и полесно прилагодување на видот на задачата. Тие го апсорбираат звукот и бучавата внатре во просторот и ја олеснуваат промената на канцеларискиот распоред.
Иако многу луѓе навистина сакаат да соработуваат и напорно се трудат, се соочуваат со многу реални препреки, оние кои лидерите не ги доживуваат на ист начин. Студијата за активна соработка изработена во 2019 година, покажала дека некои од најголемите проблеми со кои се соочуваат вработените, се просторот во кој работат и технологијата која им е достапна. Дури 70% од луѓето „заглавиле“ со традиционалните конвефенциски сали, кои се убијци на креативноста. Дизајнот на собите и комфорните столици всушност придонесуваат луѓето пасивно да седнат, што допринесува за оддвојување и негативности.
Соработуваје било кога и било каде!
Соработката станува поедноставна. Microsoft Surface Hub 2S е следна генерација на сеопфатно уредување за соработката изградена за тимска работа, кој секој простор може да го претвори во заеднички простор. Елегантниот,тенок дизајн му овозможува да влезе во било која просторија со помош на Steelcase Roam Mobile Stand-a, или ѕидни носачи што се лесни за закачување, посебно дизајнирани за Surface Hub 2S.Сега соработката може да се случи секаде и во секое време. Steelcase Roam им овозможува на тимовите да соработуваат било каде со подвижниот држач кој може да се поместува со една рака. Неговата мала површина му овозможува да се вклопи во секој вид на простор,од соба за состаноци до затворени соби или отворени друштвени простори. Се користат и за работа на далечина, вашиот соработник всушност може да се движи со вас и да кореспондира. Одличните идеи не можат секогаш да бидат закажани однапред. Кога ќе се појават сакате да ги задржите додека сте во движење. Surface Hub 2S i Steelcase Roam ви овозможуваат соработка во планирани сесии или спонтано.
Steelcase Flex Collection i Steelcase® Roam ™ – на тимовите им даваат ново ниво на контрола над начинот на кој денес работат. Tие решенија ќе бидат достапни во текот на оваа година во Европа- бидете во тек со повеќе информации.
Лансирањето на производите можете да го погледнете на линкот.