Инспирирана од некои од најомилените текстилни материјали во светот, нашата нова World Woven® колекција е специфична, рачно изработена и создава широк спектар на внатрешни амбиенти. Стиловите на World Woven колекцијата им оддаваат почит на со векови старите волнени ткаенини, од меката шкотска волнена ткаенина до Saori – рачно изработената ткаенина.
World Woven колекцијата се состои од шест Skinny Planks (правоаголни ленти) и три координинативни квадрати, секој во осум различни бои, направени од 100% рециклиран најлон. Сите девет стилови, заедно испреплетени, создаваат некои од историски најтрајните дизајни – едноставни, елегантни модели кои ни овозможуваат удобност и го креваат нашето расположение.
Боите потсетуваат на нефарбана волна, со мал контраст. Како и во природата, секоја боја е составена од многу нијанси кои се испреплетуваат и на тој начин го создаваат живописниот, рачно изработен ефект.
Без разлика дали се користат како едноставна, неутрална позадина или се комбинираат за да создаде разновидност и движење, World Woven колекцијата ви дава нов возбудлив свет на можности.