Urban Retreat Planks

Опис на производот

Заснована на една од последните Interface колекции на подни облоги Urban Retreat, линијата Urban Retreat 501 е инспирирана од човековата инстинктивна љубов кон природата, наука познато како ‘biofilija’. Во густо населените простори во модерните градови, луѓето се во потрага по начин за поврзување со природата. Biophilic дизајнот претставува инспиративна домашна и комерцијална средина низ целиот свет.Дизајнерите ја внесоа природата во просторот и токму Urban Retreat 501 го изразува овој растечки тренд.

Како одраз на клучните елементи на Biophilic дизајн, палетата на бои во колекцијата во Urban Retreat 501 потсетува на камења,шуми и саваните со треви. Карактеристичниот изглед на ткаенината на колекцијата е создадена со иновативнa компјутерски управувана машина за ткаење, прва од ваков вид во Европа.

Skinny Planks

Urban Retreat 501 е прва колекција достапна во форма на Skinny Planks подни облоги со димензии 25 х 100 см. и која на просторот му дава потполно нова димензија и поинакво чувство во однос на подните облоги. Сега дизајнерите имаат богатство на креативни опции за инсталирање, поместувајќи ги границите на дизајнот на подовите надвор од тоа што е возможно само со квадрати. Тие се погодни за ’herringbone’’ и ‘’ashlar’’ метода на инсталирање и достапни во бои кои совршено се надополнуваат со класичните Urban Retreat подни облоги, како и додавање на акцент на диманичните бои.

Квадратите се уште се значајни и вредни/драгоцени: основни елементи во составот на Interface. Но, Skinny Planks покажа што е можно надвор од традиционалната естетика на подните облоги. Тие го прошируваат модуларниот хоризонт, притоа даваат слобода да се создаде иновативен, возбудлив дизајн. Skinny Planks може да се користи за производство на спротивставени, драматични, големи модели плочка или да ги дефинирате различни зони за различни активности. Или дури и да ги користите како насока во пронаоѓање/откривање на знаците.

Повеќе избор, помало влијание на околината

Одраз на мисијата Mission Zero на Interface за нула влијание врз животната средина до 2020 година, Urban Retreat 501 Skinny Planks содржи висок процент на рециклирана содржина и се направени со користење на 100% рециклирана најлон. Urban Retreat 501 може да се инсталира лесно и едноставно со помош на флексибилниот TacTiles™ начин на вградување без лепење, за да се минимизира мирисот и штетните емисиите, а исто така може да се користи и во комбинација со Interlay, за подобрени акустични својства и удобност. Што е уште поважно, сите плочи од подните облоги може да се рециклираат преку ReEntry® програмата, односно враќање на што поголема количина на стари подни облоги,со што би се намалила количината на тепихот испратен до депонијата или согорување на крајот на својот живот.

Превземи

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување