Multichrome колекција

Opis proizvoda

Инспириран од најновите трендови и истражувања во психологијата на боите,глобалниот произведувач на модуларни подни облоги- Interface, лансираше две нови линии Contemplation и Multichrome.

Дискутирајќи за влијанието и истражувањето врз основа на кои се создадени новите колекции, Mandy Leeming- менаџер за дизајн и развој, објаснува: “Работните места какви што ние ги познаваме се менуваат и суштински стануваат продолжение на нашите домови. Во денешницата навистина постои потреба од работно окружување кое е фокусирано на психичката, когнитивната и емоционалната благосостојба на вработените, а боите се важен сегмент од тоа.“

Од друга страна Multichrome, е дизајниран со смели бои, со кои се задоволува потребата за определување зони во работниот простор.

Користењето на различни бои за да се дефинираат конкретни места или “зони” е од клучно значење за визуелна и ментална стимулација на работниците “, објаснува Mandy. “Не само што ја поттикнуваат тимската креација и соработка, тие исто така им даваат на вработените можност да се движат низ просторот и да го изберат своето идеално место за различни типови на работа.”

Додавајќи нов возбудлив изглед на портфолиото на Interface, храбрата, футуристичка текстура, сложената структура на ткаенината и мешавина на неутралните и светлите бои на Multichrome, создаваат неочекуван изглед на 80-тите и го прават совршен за уредување на просториите за состаноци и неформалните средини во канцелариите. Опсегот е инспириран од трендот „дигитален бран“, кој е популарен меѓу помладите луѓе и се однесува на ретро футуристичката технологија преку храбри, силни геометриски шеми.

Достапен во 12, односно 16 различни бои, Contemplation и Multichrome нудат различни количини на контраст и естетски префинети опции за дизајн.

Multichrome е монолитен. Двете колекции се достапни во квадрати со димензии 50 x 50cm.