Steelcase

Embodied Beauty™ колекцијата

Opis proizvoda

Инспирирана од јапонскиот естетски минимализам, реставрирање и органска убавина на природниот свет, колекцијата нуди различни стилови, од тенки еднобојни примероци до големи графички текстури, и сите едноставно и со вкус се комбинираат и се спротивставуваат.

Embodied Beauty™ живее според своето име и покажува дека потрагата за прекрасен дизајн и одржливоста се неразделни. Со три јаглеродно негативни производи „Cradle to gate“, како дел од мисијата на Interface – Climate Take Back™, сите стилови во колекцијата се претставени како јаглеродно неутрални низ нивниот полн животен циклус.

Икигаи, “причина за постоење” е јапонски концепт на благосостојба и среќа преку поврзаноста со другите и со природата. Икигаи не учи на возвишување на едноставноста и прифаќање на она што не поминува. Инспирирана од овие принципи колекцијата Embodied Beauty™ е фокусирана на ”оживување” на новиот живот.

Колекцијата опфаќа мирни, пригушени сиви, топли и ладни тонови со природни бои за дополнителна димензија. Производите Simple Sash, Sashiko Stitch и Vintage Kimono ја истакнуваат нежната убавина на старинскиот текстил и се идеално компатибилни со линијата Zen Stitch. Geisha Gather е модерна, ткаена графика која ве повикува да креирате примероци слични на zen. Tokyo Texture и Shishu Stitch земаат парчиња од природата, со органска структура и меки, суптилнo вдлабени линии.