
Запознајте ја Framery One, првата во светот, истовремено поврзана и звучно изолирана кабина. Framery One не е само модерна и извонредно паметна, таа вклучува најнова технологија, водечки стандардни звучни изолации и акустика без ехо. Може да му се радувате флексибилниот работен простор, каде што нема да ви пречи надворешната врева и може да уживате во најдобриот дизајн додека се фокусирате на следниот проект.
Кога ќе влезете внатре, не треба да се грижите дали некој ќе го слушне вашиот разговор или вревата која ги вознемирува колегите, благодарение на импресивната звучна изулација на кабината. Интегрирајте ја со својот календар за полесна резервација или ако кабината е слободна, едноставно влезете и таа автоматски ќе биде резервирана. Во меѓувреме, надворешното светло сигнализира зафатеност и на луѓето им дава до знаење дали кабината може да се користи или не.
Контролите на Framery One од вас се оддалечени само еден потег. Можете да управувате со кабината преку екран со висока резолуција, чуствителен на допир. Зад сцента, нашиот дигитален систем за управување, Framery Connect го одржува Framery One во совршена состојба и ве предупредува за било какви потенцијали проблеми. Прикажува податоци за употреба, испраќа автоматски известувања за одржување, дава директен пристап до услугата за одржување на Framery со “ брзина на светлината” и обезбедува гаранција за целата претплата.
Framery One се прилагодува на вас. Седиштето и масата се лесно прилагодливи – или ако најдобро работите стоејќи, одлучете се за кабина без столче. Воздухот со висок квалитет ќе ви овозможи чувство на свежина и концентрација, благодарение на импресивната вентилациска кабина. Framery One доаѓа во многу бои, така што би можеле да го прилагодите и одвнатре и однадвор, со цел да одговара на стилот на вашата фирма.
Вашата сигурност е од најголемо значење, затоа како основен материјал го користиме челикот, овозможувајќи огноотпорна конструкција. Одржливоста е исто така клучна. Затоа, 95% од користениот материјал, на исклучително издржливата кабина, може да се рециклира.