
Асортиманот за работни столици Antagonist е дизајниран да ги задоволи потребите за луксуз и софистицираност (префинетост) на корисниците. Основата на седиштето, многу големи димензии (максимална висина 123 цм – длабочина 64 цм и употреблива површина на седиштето 46 cm) е надополнета со две помали верзии, едната со среден наслон (112 cm) погодна за директорски канцеларии или, доколку се користи во парови, како столица за посетители и една со долен наслон (99 см) кои вообичаено се користат во салите за состаноци. Асортиманот вклучува и верзија на столици со конзолна основа со низок наслон , која првенствено се користи околу маси за состаноци, но и како столица за посетители.
Колекцијата Antagonist постои и со винтиџ дизајн, каде што се наслоните за раце, основата и конзолната рамка се достапни од светол орев и розово дрво, со јасна намера да се пополнат завршните слоеви на извршната средина изработена од овие материјали.
Овие директорски столици се составени од моноструктура од иверица со мека полиуретанска пена, опремени со механизам за навалување кој може да се заклучи во четири позиции. Вртливите столици со низок наслон можат да примаат механизам за враќање со фиксна точка. Во хромираната верзија, наслоните за раце се удобно тапацирани, додека преостанатите метални детали како основите и конзолните рамки може да се испорачаат во хромирана и црна боја. Клучната карактеристика на овој производ е тапацирот од вистинска кожа, но и, алтернативно, висококвалитетната еко-кожа Emmegi.
Се на се, Antagonista е многу цврст производ кој нуди значителен комфор и луксуз во ретро стил.