Опис на производот

Во текот на последните години, индивидуалната работа значително се има променето. Корисниците многу често соработуваат и се повеќе подвижни во работниот простор; клучот за соочување со намалениот сопствен простор е сфаќањето дека просторот воедно претставува фактор кој емоционално делува на луѓето. Според анкетата на Steelcase и IPSOS, 46% од вработените во европските земји изјавуваат дека страдаат од болки во грбот најмалку еднаш неделно. 63% признаваат дека не ги подесуваат механизмите на својата работна столица (TNO).

Како одговор на најновите трендови во опремувањето на деловните простори,Steelcase лансираа нова линија за седење – ‘Reply’ и ‘Reply Air’. Овие работни столици се производ на комбинацијата на иновативен дизајн и специјализирани технологии како одговор на секојдневните потреби на корисниците. Портфолиото на Reply е дизајнирано земајќи предвид 3 клучни цели:давање моментална удобност’, ‘едноставност’ и прилагодливост. Оваа линија нуди 2 достапни стилови, што дава голем избор во поглед на функционалност и дизајн. Изабел Легал, маркетинг директор воSteelcase International, изјави„Речиси 9 години од својот живот поминуваме седејќи во канцеларија. Земајќи го тоа предвид, удобноста и соодветните потпори се од исклучителна важност. Reply работната столица е посебно дизајнирана како би овозможила динамична потпора на сите клучни делови на `рбетниот столб: горниот и долниот лумбален дел, како и карличниот дел.“

Reply ‘стандардот се карактеризира со 2 густини на пена за урамнотежена лумбална потпора, со оглед на тоа дека горниот и долниот дел на грбот имаат потреба од различни видови потпора. Горниот дел на наслонот на Reply содржи густа пена додека долниот дел е прекрен со перница од мека пена. Reply ‘стандардот‘ исто така воведува иновативна ткаенина со која е обложен. Неговото посебно својство ви овозможува 50% поголема брзина на сушење на наслонот во однос на стандардната навлака; а неговиот модел создава дополнителна циркулација на воздухот овозможувајќи поголема брзина на сушењето кога корисникот ќе се испоти.

Спротивно на тоа, Reply Air воведува нова, ексклузивна мрежеста ткаенина, кадифеста на допир, која автоматски се прилагодува, на тој начин овозможувајќи потпора на секое индивидуално движење на `рбетниот столб. Оптегнатоста на мрежестата ткаенина наReply Air работната столица, а со самото тоа и потпората која таа ја овозможува, се прилагодува во зависност од силите кои дејствуваат на наслонот од страна на самиот корисник. Доколку е потребно, работната столица може да биде дополнително опремена со лумбална поддршка, прилагодлива по висина. 

Двете верзии на работната столица поседуваат технологија на синхронизиран механизам, која овозможува столицата да ги следи природните движења на телото во текот на наслонувањето. Колку повеќе корисникот се наслонува, поголем степен на тежина се пренесува на горниот дел од телото, при што е потребна посилна потпора на столицата. Со Reply и Reply Air работните столици, корисниците можат со леснотија да се прилагодат на отпорот на наслонот (tilt-tension) според сопствената тежина и на тој начин да осигураат индивидуална и постојана потпора.

Isabelle Le Gall, маркетинг директор во Steelcase International, се надоврза: „Кога вашата работна столица не би се прилагодувала индивидуално на вашето држење, тогаш би можеле да седите и на столче. Reply механизмите за подесување се лесно дофатливи така што можете да ги менувате со помош на еднакво пристапни странични рачки. Рачките воедно се и интуитивни благодарејќи на формата, и сликите со објаснувања.“

Со своите две верзии и широкиот спектар на опции и примероци, Reply нуди голем број можности кои на корисникот му овозможуваат слобода на изборот врз основа на личното искуство. Благодарејќи на прилагодливите столици, корисникот чувствува дека и работното место е прилагодено на неговите лични потреби. Портфолиото на Reply е дизајнирано да одговори на главните предизвици на глобалната организација без загрозување на удобноста и ефикасноста, и да одговори на потребите на луѓето кои се повеќе работат во тимско опкружување.

Преземете