
Leap е нашата најергономска работна столица. Тестирањата покажале дека ја намалува болката во долниот дел на грбот, неудобноста и мускулно-скелетното пореметување. Тоа значи дека ќе ја зголеми вашата продуктивност така што ќе ви овозможи да седите удобно на неа во текот на подолг временски период. И сето тоа благодарејќи на напредниот дизајн со иновативни особини како што се флексибилниот наслон, одвоените горни и долни контроли на наслонот и динамичкото седиште. Leap работната столица поседува и голем број посебни ергономски карактеристики кои се развиени преку тестирања на корисниците.
Флексибилниот наслон овозможува во секој момент целосна потпора на грбот додека седите во неа.
Одвоените подесувања на горниот и долниот дел на наслонот овозможуваат подесување за секоја индивидуа, без оглед на конструкцијата на телото. Динамичното седиште го отстранува притисокот на телото.