Едноставно и удобно. Како што се одвива работата, честопати е потребно истата да се продолжи – во домот, на универзитет, во хотел, па дури и во кретивна работна средина. Hosu го поттикнува проширувањето. Дизајнирано од Patricia Urquiola, ова уникатно парче софа создава удобен личен простор за релаксација и завршување на обврските.
Може да се порача како фотеља со перница свиткана навнатре или исправена. Двоседот овозможува доволно комфорност за двајца, кои што истовремено може да бидат фокусирани на различни задачи. Hosu е опремен со лесно достапни задни и странични џебови и овозможува провлекување на кабел низ него. Неговата уникатна ткаенина со текстура, дизајнирана исто така од Urquiola е достапна во 6 ексклузивни бои.