Опис на производот

COBI работната столица е специјално дизајнирана за одржување на меѓусебната соработка на вработените и поддржување на нивното постојано ангажирање и концентрација. Оваа работна столица овозможува седење во повеќе положби, овозможувајќи му на корисникот да го прилагоди своето седење на работата која ја врши. Има опција за висока столица за работа која бара високо седење. COBI има опција за рачно прилагодување на наслонот, сите останати подесувања се автоматски и се прилагодуваат според тежината на корисникот. Сите делови на COBI столиците се дизајнирани така што самите се прилагодуваат на конституцијата на секој корисник:

  • Флексибилниот наслонот на столицата е специјално изработен, така што ви овозможува удобност при потпирање на раката директно на наслонот на столицата
  • Структурата на наслонот е дизајнирана така што ги следи движењата и овозможува потпора на грбот во секој момент

Преземете