Опис на производот

Truchet Acoustic Tiles се разновидни панел решенија за апсорбирање на звукот. Комбинираат дизајн и функционалност. За разлика од конвенционалните звучни апсорбери, на корисниците им овозможуваат да изберат различни текстури и примероци погодни за сите видови на простор.

Дизајн
Truchet Acoustic Tiles подеднакво се атрактивни и разиграни, колку што се и ефективни решенија. Достапни се во 5 различни форми кои што овозможуваат неограничени опции за дизајн и широк избор на бои.

Акустика
• Truchet Acoustic Tiles во просек апсорбираат 90% од сите звучни бранови, на сите релевантни фреквенции.
• Рангирани се со звучен коефициент А (највисока класа)
• Нивната апсорбција на звукот е 0,9 αw
• Дизајнирани се со големо внимание во однос на изгледот и нивните перформанси за разлика од многу други акустични решенија.

Калкулатор за акустика

Инспирација
Steelcase Truchet Acoustic Tiles се инспирирани од работата на францускиот свештеник и математичар Sebastiena Trhucheta.
Без никаков напор ја подобруваат лошата акустика во просториите, со кои се соочуваат многу модерни канцеларии. Овозможуваат вработените да работат продуктивно и без стрес.

Комбинираат одлични перформанси и беспрекорен дизајн. Овозможуваат совршено акустично решение за модерните канцеларии од отворен тип и може да се користат во најразличен распоред:
• Ѕидни панели
• Вертикално висечки панели од таванот
• Хоризонтално висечки панели од таванот

Димензии
540 мм х 540 мм
Висина: 65 мм

More about this product