Глобалниот производител на модуларни подни облоги Interface, денес ги промовираше двете нови линии на производи: Employ Loop и Employ Lines кои работат во тандем. Тие овозможуваат бескрајни можности и флексибилност во дизајнот за комерцијалните простори по пристапна цена.
Employ колкцијата се состои од два координирани дизајни и широка палета на неутрални и светли бои. Employ колекцијата ви нуди одлични можности за вашите пари, како и бројни креативни можности за дизајн кои одговараат на било кој простор.
Со цел да ја развие оваа нова колекција, дизајнерскиот тим на Interface ги издвоил и ги анализирал трендовите на внатрешниот дизајн кои вклучуваат промена на боја, премини, органски и графички линии, од денес до 2018 година.
Достапен во 24 и осум различни бои, Loop и Lines линиите се лесни за комбинирање и мешање како би се создале ефективни, естетски и префинети подни решенија. Колекцијата е исто така достапни за брза испорака (до 200м2), што ја прави идеална за употреба во проекти со кратки рокови.
Mandy Leeming, Директор на дизајн и менаџер за развој за Interface ЕМЕА, објасни:
“Ние знаеме дека нашите монтери често се во потрага за широк спектар на разновиден, флексибилен дизајн, разнобоен и по прифатлива цена. Employ Loop и Employ Lines линиите ги исполнуваат двете барања. Промената на бојата и комбинација на моделите гарантираат дека комерцијалните објекти можат да бидат уникатни и естетски префинети, додека трошоците се сведени на минимум.”
Employ Loop има рамна површина и овозможува естетика од зид до зид, со мешавина на неутрално сиви и кафени нијанси и светли бои.
Вториот од двата дизајни во колекцијата, Employ Lines, има силна линеарната форма, погодна за (пространи и големи објекти) не-насочена или монолититна инсталација. Ова значи дека производот обезбедува идеален премин помеѓу светлите и храбри бои во неутрални.
Employ е достапна во 50 x 50cm квадрати.