На нашето ново работно место, најголем приоритет е обезбедување на оперативна безбедност на секој простор со преземање на соодветни безбедносни мерки и примена на дизајн што помага да се намали ризикот од пренесување на коронавирусот.
За да се заштитиме себеси и другите, сите треба да ја играме својата улога, набљудувајќи ги во секој момент новите протоколи Covid-19 на работното место. Храброста и довербата се клучни за успехот и тие ќе се одржат само доколку секој од нас нé само што дејствува одговорно, туку и видно ќе ги примени.
Orangebox го осмисли концептот на канцеларијата Hula Hoop за да им помогне на сите организации, без разлика на големината, да ги разберат, запомнат и вежбаат новите протоколи. Тие го издвоија Hula Hoop (тренд од 1950-тите) затоа што визуелно покажува репрезентативно претставување на безбедно растојание меѓу колегите: комбинација на вашиот обрач од 1 м и нечиј друг обрач од 1 м создава задолжително растојание од 2 м, што треба да го одржуваме едни со други постојано.
Како дел од концептот Hula Hoop, Orangebox произнесе неколку препораки за кои веруваме дека треба да бидат земени во предвид во новиот обврзувачки кодекс на однесување со работодавачот и останатите колеги.
Бр.1
Визуелизирајте го вашиот сопствен хула хоп 1м (1м+1м=2м) за полесно да го одржувате потребното физичко растојание од 2 м. Блискиот контакт може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр.2
Придржувајте се до новите протоколи. Тие се дизајнирани да ве заштитат вас и вашите колеги. Без нив Хула Хоп канцеларијата не е одржлива. Непочитувањето на воспоставените протоколи може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр.3
Придржувајте се до протоколот за проток на сообраќај на вашето работно место и никогаш не загрозувајте колега со непочитување на физичко растојание од 2м. Блискиот контакт може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр.4
Секогаш приоѓајте им на колегите однапред со лицето наведнато према долу, никогаш одпозади. Блискиот контакт може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр.5
Носете ја работната опрема со вас каде и да одите и секогаш користете ја само неа. На тој начин секоја површина може да ја направите своја. Загадената површина може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр. 6
Користете прегради помеѓу работните места за да се заштитите од пренесување на вирусот.
Бр.7
Додадете уште еден слој на заштита со тоа што ќе носите заштитна маска за да го зачувате вашето здравје и здравјето на вашите колеги. Блискиот контакт може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр.8
Секогаш мијте ги рацете кога сте во контакт со нови површини. Загадената површина може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Бр.9
Секогаш носете марамчиња, во случај да треба да кивнете или кашлате. Пренесувањето преку воздухот може да доведе до инфекција со корона вирусот.
Бр.10
Никогаш не ги оставајте личните работи на работната површина. Може да доведе до пренесување на корона вирусот.
Повторно прилагодете и реорганизирајте
Концептот на Хула Хоп канцеларијата бара секогаш да бидеме физички дистанцирани најмалку 2м од колегите. Ова може да се олесни со замена на постојниот мебел, создавање нови поставувања или комбинација на двете.
Како дел од работното место Covid-19, Orangebox Smartworking 3P, доби ново значење:
Близина (Proximity): визуелизацијата на Хула Хоп го олеснува одржувањето на нашите нови протоколи за лична близина во секој момент!
Приватност (Privacy): за да ја заштитите довербата на работното место за време на пандемија, користете простор што е дозволен и секогаш треба да биде според ново дефиинирани протоколи.
Дозвола (Permission): за да бидеме оперативно безбедни на работното место за време на пандемија, просториите мора да ги користиме само на дозволени начини и секогаш мора да се придржуваме до новите протоколи.
Концептот за Хула Хоп канцеларијата, и овозможува на Orangebox платформата дизајнирање и испорака на мебел на клиенти кои бараат решенија за работно место во ера на пандемија.
Дознајте повеќе информации за производите за да го спроведете канцеларискиот концепт Хула Хоп.
Извор: Orangebox.com