Почитувани посетители,
Ве повикуваме да го посетите нашиот showroom и сами да ги испробате неверојатните можности на најновата и најергономична работна столица на компанијата Steelcase.
Ова е прва работна столица дизајнирана да ја поддржи нашата интеракција со новите технологии, иснпирирана од движењата на човечкото тело и креирана во склад со начинот на кој работиме денес.
Технологијата е најголема поединечна сила која го менува начинот на кој работиме денес, живееме и се однесуваме. Новите, многубројни уреди кои ги користиме во текот на работниот ден ни дозволуваат да поминуваме низ разни задачи несметано и често. Gesture е првата работна столица дизајнирана да ја поддржи нашата интеракција со денешните технологии.
Нашата глобална студија е направена од страна на “Steelcase Work Space Futures” и “Steelcase Design Studio”.
Направивме глобална студија за положбата на телото во 11 земји, гледајќи 2000 личности во различни позиции и откривме девет нови положби како резултат на интеракцијата со новите технологии и начинот на работа. Гледавме како човечкото тело се однесува во допир со технологиите и како реагира кога личноста поминува од еден уред на друг. Истражувањата открија ергономски ефекти на кои доколку им се пристапи неправилно можат да предизвикаат болки и нелагодности кај вработените.
Поради новите позиции на телото на кои неправилно се пристапува, вработените не се чувствуваат удобно, чувствуваат болка и доаѓа до долгорочно негативно влијание врз човечкото тело. Додека технологијата ја покренува продуктивноста, може да иницира болка која влијае на начинот на работа, на нашата концентрација и креативност.
На основа на истражувањата ја дизајниравме Gesture, столица која ја поддржува специфичната положба на телото предизвикана од страна на технологијата и уредите кои денес ги користиме.
Не почнавме со дизајн на столицата. Почнавме гледајќи ги единствените движења и позиции на човечкото тело. Како и човечкото тело, Gesture е дизајнирана како цел склоп на синхронизирани делови.
1)Основен дел
Задниот и седишниот дел на Gesturе столицата синхорнизирано се движат, заедно со личноста и даваат континуирана и трајна поддршка. Задниот дел на столицата се прилагодува на личноста без разлика на положбата на телото или уредот кој се користи.
2) Зглобен дел
Раконаслоните на Gesture столицата се движат како и човечките раце, што овозможува поддршка на човекото движење без разлика на положбата. Рацете и рамената се поддржани и кога луѓето користат смартфони, лаптоп или таблет.
3) Седишен дел
Седишниот дел на Gesture столицата овозможува комфор се до самите ивици на столицата. Таа е флексибилна на рабовите и овозможува на корисниците да седат во голем број на позиции без да има попречување.
Корисник: Gesture столицатаги зема во обзир различните типови на човечкото тело и положба на седење, и брзо се прилагодува да одговори на различните потреби на секој поединечен корисник. Корисниците можат да ја подесат лесно Gesture столицата, како и положбата на своето тело.