Оваа пролет во организација на компанијата Delight и нејзините партнери : Steelcase, Interface i Deko е организирано првиот настан на тема креирање благосостојба во работното опкружување со име “Ренесанса на работниот простор” . На присутните гости  им беа претставени решенијата на проблемите со намалена посветеност и ангажман на вработените , преку користење на знаењето и производите кои го застапува Delight.

Преку 80 архитекти како и голем број претставници на водечките компании во земјата и регионот кој се грижат за работното опкружување на своите вработени , се запознаа со концептот на создавање чувство на благосостојба на работното место кој им го презентираа предавачи од Англија , Германија и Данска. Констатирано е дека трошоците кои не се посветуваат на вработените на кои влијае работното опкурижување , се многу поголеми од трошоците да се уреди просторот со они решенија кои се прикажани.

Компанијата Delight повеќе од една деценија користи успешен начин на размислување во уредување на рабоитниот простор кој позитивно влијае на работната атмосфета и ефикасност на вработените , со цел на секој клиент да му помогнеме да ја зголеми својата продуктивност.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување