1.Седење во кабина
Работата во кабина или коцка може да направи да се чувствувате клаустофобично. Ако почувствувате како зидовите ви се приближуваат, станете и излезете на прошетка. Поминете околу комплексот, малку на сонце или доколку имате ограничено време дури и круг околу канцеларијата може да ви помогне.

2.Гласни колеги
Иако просторот може да биде ограничен, менаџерите можат да им помогнат на вработените, со тоа што ќе бидат флексибилни. Не може секој да работи на највисоко ниво во отворен простор, поради тоа би требало да се направат одвоени простории или конференциски сали за вашите колеги да можат да отидат во нив. Доколку сметаат дека се најпродуктивни кога работат од дома или во кафуле на приземјето, нека се обидат. Доколку сите други опции пропаднат, слушалките се секогаш тука.

tired

3.Состаноци
Ако чувствувате дека вашите состаноци не водат никаде, застанете и преслушајте се. Пред секој состанок, бидете сигурни дека секој што присуствува на состанокот е во тек. Бидете сигурни за што треба да се дискутира и што треба да се постигне, уверете се дека вашите колеги се чувствуваат пријатно да поставуваат прашања и да изнесуваат идеи. Почнете и завршете го состанокот на време.

4.Разговор со колеги
Добро е кога уживате во разговорите со своите колеги. Во повеќето случаи, повеќе време поминувате со нив отколку со пријателите и семејството. Прераскажувањето како ви поминал викендот додека го чекате кафето или неколку минути разговор за омилената ТВ емисија или книга е во ред. Шегите можат да направат напнатото време да помине побрзо. Само внимавајте да не зборувате премногу.

talking

5.E-mail
Сите ние можеме да бидеме подобри во праќањето е-mail. Времето кое го поминуваме средувајќи ги нашите поштенски сандачиња би можеле да го искористиме за други поважни активности. Но, како можеме да направиме навидум неодложна дневна задача да работи за нас? Секојдневно можете да издвоите исто времетраење како би се фокусирале само на одговарање на е-mail. Во пишувањето на е-mail да се биде краток и директен е најдобро. Одјавете се од сите билтени и spam-mail кои ви пристигнуваат во приемното сандаче. А ако барањето во еmail-то е мало, можеби има смисол да одите и да поразговарате со своите колеги.

6.Социјални мрежи
Социјалните мрежи се забавни и можат да бидат одличен начин да се поврзете со другите луѓе во индустријата, но за тоа постои време и место. Ако работите на проект, запрашајте се дали е навистина неопходно отстрана да ви бидат отворени слики од роденденската забава на вашата сестра (одговорот веријатно е не ). За оние кои неможат да се воздржат, можеби сајт блокер е неопходен.

social-media

7.Интернет
Ако се приметите себеси како ја бришете историјата повеќе пати во текот на работната недела, можеби би требало да размислите како го користите својот компјутер. Сочувајте го пазарувањето online и плаќањето со кредитна картица за слободното време. За менаџерите: во зависност од потребите на вашето работење, секогаш можете да ја земете во предвид опцијата блокирање на сајтовите кои би можеле да бидат пречка или штетни, но мора да бидете непоколебливи во својата одлука. Можете да ги замолите вашите вработени, личните работи да ги извршуваат за време на паузата. Бидете сигурни дали сте јасни и доследни во своите очекувања