Можеби вашата канцеларија не мора да биде комплетно редизајнирана, туку само треба малку да се разубави.
Еве 6 работи кои ќе го направат вашиот простор попродуктивен и инспиративен:
Во денешно време ја носиме работата (како и забавата) со нас каде и да одиме – на нашите лаптопи, таблети и телефони. Сите овие уреди веќе имаат доволно пречки кои потенцијално може да ја намали продуктивноста или да имаат лошо влијание на нашата креативност. Нашето работно место не смее да биде една од пречките. Луѓето треба да гледаат кон природата и чистиот ѕид. Сите ние сакаме да се да биде лесно, бидејќи работното место не е музеј. Премногу додатоци ќе ги попречуваат работниците. Ве советуваме да ги избегнете и оние инспиративни цитати, бидејќи се застарени.
Дали сакате музика? Бел шум? Розов шум? (Да, постојат различни бои на бучава.) Какво ниво на бучава одговара на вашето деловно опкружување или на луѓе кои ја користат вашата канцеларија? Во отворен тип на простор за работа, на екстровертните личности повеќе им одговара музиката, а на интровертите белиот шум. Ако имате еден „куп“ инженери кои работат со слушалки, вие не мора да правите ништо. Меѓутоа, ако имате мешавина од различни типови на луѓе, треба да размислите што би било најсоодветно за вашиот простор, и што ќе го минимизира нарушувањето и ќе ја зголеми продуктивноста. Добро акустично решение може да биде самиот плафон дизајниран на неколку различни висини за да овозможи флексибилност при одредување на различни нивоа на бучава.
Седечките гарнитури се одлични, но не и за повеќечасовна работа. Овозможете си работни бироа и пристап до електрично напојување во порелаксирана средина за да можете да бидете продуктивни доколку се одлучите дека нема да имате традиционална работна површина како биро. B-Free ја поддржува индивидуалната и групната работа низ широк спектар на поримена, почнувајќи од простор за индивидуална концентрација до места за неформално поврзување, како и за планирана и случајна средба и соработка. Што и да правите, не штедете на столици. Тие се исклучително важни за вашето здравје. Погрижете се работниците да имаат можност да изберат помеѓу седење и стоење. Повторуваме, важно е за здравјето, а и стоењето на работа станува сè попопуларно.
Дајте им на луѓето повеќе опции:
https://www.delightoffice.mk/m/steelcase-mk/приемен-хол-и-рецепции/b-free-10/
Ништо не може да ја надмине природната светлина, но не секогаш ја имате можноста тоа да ви бидете достапно во изобилство. Затоа, не штедете на светлата и погрижете се да имате дополнителни извори на светлина покрај вообичаените флуоресцентни светилки. Светилките можат да бидат забавни и функционални во канцеларискиот простор. Лесно е да се експериментира со нив а и лесни се за преместување. За поголема разновидност, проучете го станбениот дизајн. Некои начини на осветлување може да се програмираат на различни начини. Што мислите за промена на бојата на светлината во случај вашиот тим да ја достигне целта во продажбата? Исто така, некои ѕидови остануваат светли и со невпечатлива боја. Не додавајте силни бои насекаде. Се сеќавате ли што рековме за уметничко дело?
Добра идеја е да се создаде декорација од природата – идеално да се има двор во деловниот простор. Ако не можете да си дозволите поглед на зелената површина, креирајте ја сами со користење жив ѕид или покривни прозорци. И запомнете, гледањето во далечина е добро за очите.
Поместете ги светлата, преместете ги растенијата.. Има многу работи како пластилин и плоча за цртање, со која работниците можат да се забавуваат кога им треба пауза. Старомодната сложувалка е уште еден начин да го насочите мозокот во друга насока додека се одмарате на екранот.
Izvor: https://www.fastcompany.com/3038981/7-steps-to-a-more-productive-and-inspiring-workspace
Autor: Liz Elam