Може да има многу причини за обнова на подовите во вашата канцеларија. Можеби подовите се премногу стари и треба да се заменат или канцеларијата се редизајнира и подовите треба да се прилагодат на ревидираните стандарди на брендот. Без оглед на причината, имајте на ум неколку важни работи при оптимизирање на вашите буџетски трошоци.

Како што може да се види досега, КОВИД-19 го смени досегашниот начинот на работа во канцеларискиот простор. Пандемијата донесе нови начини на работа и организациите мора повторно да ги осмослат своите работни места кои се повеќе насочени кон благосостојбата на вработените, квалитетот на воздухот во затворените простории и хигиената на материјалите што се користат. Хигиенски и чист деловен простор го подобрува фокусот, продуктивноста и чувството на безбедност.

Бидејќи подот е една од најголемите, највпечатливите и најчесто користените површини во кој било простор, мора да бидете внимателни и претпазливи при изборот на материјал за подни облоги.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да донесете подобра одлука при реновирање на подот во канцеларијата.

Функционалност и технички аспекти
Кога планирате да реновирате канцелариски под; функционалноста, безбедноста, хигиената и удобноста стануваат најважни. Разгледајте го целиот ваш канцелариски простор, вклучително и приемниот дел, лоби и дел за соработка или простории за состаноци. Вашите вработени треба да се чувствуваат безбедно и пријатно во својата работната средина.

Оваа статија ќе ви помогне да бидете информирани при купување на теписи за вашиот следен проект.

Трошоци и рокови
Откако ќе започнете да планирате да ја реновирате вашата канцеларија, треба да креирате реален и структуриран план што ќе биде прилагодлив на промените. Процесот на реновирање на подот во канцеларијата може да звучи како напорна работа, но не мора да биде така.

Искусна компанија, како Interface, може да ви помогне да го процените вашиот канцелариски простор, да разговарате за вашите барања и да направите проценка врз основа на вашите барања. Нашиот тим заедно со тимот за идеен дизајн на Interface може да ви помогне да креирате распоред на подови и да го дизајнирате вашиот простор според вашите желби.

Одржливост
Сите треба да донесеме разумна одлука за да прифатиме производи кои се фокусираат на задоволување на тековните потреби без да се загрози благосостојбата на нашиот народ и планетата.
Кога избирате Interface подови, вие сте на пат кон поодржлив простор. Одлучивте да ја намалите јаглеродната емисија во вашиот простор и да помогнете во подобрувањето на здравјето на планетата.

Изберете јаглерод неутрални производи на Interface кои ќе помогнат во промена на глобално затоплување и добијте сертификат Carbon Neutral Floors ™ за придонесот на вашата организација.

Certifikat Carbon Neutral Floors ™

Воведовме начини на работа со рециклирана содржина и био материјали – што нè натера да направиме текстилни подни облоги што складираат јаглерод, спречувајќи го неговото ослободување во атмосферата. Погледнете ги нашите јаглерод негативни производи.

Побарајте нè за соработка на ваши идни проекти.

Извор: Interface.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување