Релаксирачки друштвени простори
Денес компаниите имаат мислење дека вкрстеното мешање на идеи помеѓу различни одделенија е фундаментален дел од иновативната работна култура. Компаниите додаваат простори како што се кафулиња, соби за ручек и соби за игра, каде што вработените од различни сектори можат да се релаксираат, да се сретнат едни со други и да имаат разговори кои инаку не би се случиле.
Ad-hoc простори за состанок
Секој метар квадратен од канцеларискиот простор е драгоцен, па изнаоѓањето на креативни начини да се оптимизира просторот е од суштинско значење за водење на ефикасен бизнис. Овие Ad-hoc простори обезбедуваат место за вработените да имаат брз импровизиран разговор и потоа да се вратат на работа. Вработените често ги преферираат овие простори како алтернатива за планирање и користење на конференциски сали.
Конференциски сали
Планираното место во конференциска сала се чини старомодно, но реалноста е дека овие простори се од суштинско значење за секој бизнис. Без разлика дали се работи за состанок на бордот, тимски попатни состаноци или повремени состаноци на човечките ресурси, конференциските сали се неопходни за успешно работење на една компанија.
Лични работни станици
Иако трендовите на канцеларискиот дизајн се префрлија подалеку од прегради и приватни канцеларии, останува фактот дека: на сите насни е потребно место каде ќе можеме да телефонираме. Личните работни станици се место каде ќе можеме да се повлечеме и да ги одмориме главите на неколку часа.
Основните алатки за лична работна станица вклучуваат: добар пар на слушалки, работна маса, монитор и ергономски стол.
Кафуле
Вистината е дека работата повеќе не се одвива само во канцеларија. Понекогаш вработените треба да се упатат кон кафуле за креативна инспирација или да останат дома на еден ден како би ги разбистриле мислите.
Деновите на кабини се зад нас. Денес живееме во свет каде што компаниите не треба само да ја прифатат, туку да ја поттикнуваат работата на далечина или пишување на статија од фотеља. Во принцип, клучот за правење на вашиот тим што е можно попродуктивен е да им понудите простори кои се прилагодуваат на различни видови на работа.