Извор: Steelcase.com

 

Сè што работите или имате во вашата канцеларија има влијание. Од бојата на sидовите до распоредот на работните места, осветлувањето, сето тоа прави разлика. Затоа, кога зборуваме за канцелариски мебел, неопходно да се согледа влијанието кое ќе го има врз вработените. Подетално истраживме зошто поседувањето вистински канцелариски мебел е особено важно.

1. Зголемена продуктивност на вработените
Можеби не сте размислувале за тоа, но вистинскиот канцелариски мебел ја зголемува продуктивноста на работното место. Со избирање на креативен канцелариски мебел што ја освежува канцеларијата и ја прави помалку здодевна, можете да промовирате подобра работна средина за да ги задржите постоечките и привлечете нови таленти. Треба да се осигурате дека секој вработен го има неопходното: работно биро, работна столица, компјутер, проток на свеж воздух и сл. Доколку вашиот вработен го има се она што му е потребно, тој е способен да ги извршува работните задачи без потешкотии. Поседувањето на модерен и уникатно уреден деловен простор со усогласен канцелариски мебел ќе ги мотивира и инспирира вашите вработени и ќе овозможи побрзо извршување на работните задачи.

Хиерархија во канцелариските простории, извор: Steelcase.com

 

Видот на работното биро што можете да им го понудите на вашите вработени може да има големо влијание врз продуктивноста. Важно е да се земе предвид типот на работното биро од кое вашите вработени ќе имаат најголем бенефит; канцелариско биро за повремена соработка, канцелариски бироа со можност за склопување или тимски бироа.

Во исто време, треба да размислите и околу поврзувањето и да бидете сигурни дека има доволно приклучоци на работната станица за да може секој компјутер да се користи без потешкотии.

2. Алтернативното работно место ги инспирира клиентите
Доколку вашиот бизнис вклучува секојдневни состаноци со клиенти во вашиот деловен простор, тогаш би било добро да имате простор уреден со канцелариски мебел кој го покажува модерниот изглед и вештините на вашата компанија. Доколку клиентот сака да го види работењето во вашата канцеларија и предноста на технологијата што ја користите, мора да го импресионирате со тоа. Каде и да се наоѓа, ако вашиот канцелариски мебел е застарен и го нема “печатот” на вашата корпоративна култура, клиентите ќе имаат помала доверба во вашиот бизнис.

3. Создавање простор за складирање
Одржувањето уреден канцелариски простор е примарно; пренатрупаноста води до неорганизиран неред. Во исто време, доколку имате многу простор за складирање, тоа ви овозможува да ги складирате документите, канцелариската опрема и се што е клучно за вашиот бизнис, во време кога не ги користите. Ова, исто така помага да се зголеми продуктивноста, бидејќи ви овозможува складираните документи полесно да ги најдете следниот пат кога ќе ви требаат.

4. Удобноста е клучна
Вашите вработени можат да седат покрај канцелариските бироа околу 8 часа секој ден. Но, ваша задача е да им обезбедите вистински канцелариски мебел кој ќе ги поддржува во текот на целиот работен ден. Ергономските канцелариски столици обезбедуваат поддршка за грбот и рацете, овозможувајќи им на вработените полесно да се концентрираат благодарение на поголемата удобност.

Ергономска канцелариска столица Series 2 – извор: Steelcase.com

 

Дополнителна поддршка за вработените е и чест проток на свеж воздух, особено во жешките летни месеци и со обезбедување на топлина за време на студените месеци, овозможувајќи им непречено и концентрирано да работат.

Изборот на вистинскиот канцелариски мебел е од клучно значење, бидејќи директно влијае на продуктивноста на вработените и на извршувањето на нивните работни задачи, што непосредно влијае на текот и успехот на вашиот бизнис. За подетални информации околу опремување на канцеларијата на располагање Ви стои нашиот тим од стручни советници за канцелариски простор, со кои можете да стапите во контакт уште денес.

 

Delight Office Solution