Да почнеме со признание. Како човек од средно доба, повремено почнав да имам потреба да одам во тоалет во текот на ноќта. Неизбежното одминување на годините, тие никого не штедат. Но, она што е веројатно поголема исповед е тоа што често се наоѓам себеси како да читам и одговарам  на една или  две електронски пораки, додека се будам и станувам од креветот. Тоа е денешниот зафатен живот.

Како никогаш порано изгледа дека сега сме обврзани да преземаме се повеќе и повеќе работа, одговорност и стрес, и реално никогаш да не се “исклучуваме“. Кој одлучува за тоа како треба да се работи ? Дали е тоа навистина најдобриот начин за работа? Како можеме да имаме јасна прегледност, да се фокусираме, да размислуваме и да дејствуваме креативно во таков комплициран деловен свет?

Минатата година имав можност да разговарам со Ана Zuccardy. Ана претрпе мозочен удар на 54 годишна возраст во екот на брзо растечката кариера во комуникации. Откако се лизнала додека излегувала од бањата,силно удрила со челото, по што претрпела повреда на мозокот. Се најде во ситуација да не може да направи многу работи што претходно ги земала “здраво за готово“. Како првичен дел од нејзинити закрепнување таа била советувана да не работи ништо 3 месеци. Нема читање, нема патување, нема ТВ. И било кажано исклучиво да одмара, како би му помогнала на мозокот да заздави и да се регенерира. Тоа ја “полудувало“. И во истражувањето општо за мозокот одлучи да се врати чекор назад и да го реконектира нејзиниот мозок за да ги  поврати функциите на нивото кое ја исполнува. Тоа и овозможи да се преиспита околу она за кое што смета дека е најпаметно. Паметен не подразбира квалификација, стекнато знаење и разбирање, туку паметен значи желба за учење и креативност во решавање на проблемите.

Ова се 4те извадоци од мојот разговор со Ана што ќе ви помогнат да го поттикнете вашиот мозок и да ги издвоите најпаметните препораки:

  1. Направете нешто секојдневно на несекојдневен начин

Влијанието на искуството ќе се покаже оној ден кога ќе се сретнеме со задача или проблем кој што треба да го решиме. Само затоа што на нештата им приоѓаме на еден начин , не значи дека не може да се обидеме нештото да го разгледаме и од друг агол. Можеби ќе биде подобро, можеби полошо, но најважно е да се обидеме. Ана предложи да се обидеме да јадеме со другата рака ( со која вообичаено не јадеме). На почетокот ќе направите неред, но по неколку обиди мозокот ќе разбере што се случува – тоa се нарекува адаптација (neuroplasticity) –  и се стекнувате со нова способност. Со кои проблеми се соочувате, а се вредни за сосема поинаков пристап при решавањето ?

            2.Исклучете во вашиот автоматски мултии-таскинг

Сите сме убедени дека треба да бидеме способни за извршување мулти-таскинг задачи. Секоја неподготвеност или отпорност кон мулти-таскинг изгледа како слабост, а од друга страна овие денови сите ние имаме толку многу задачи така што мулти-таскингот е наизбежен. Тоа ја доведе до заклучок дека ние не сме предодредени за мулти-таскинг. Размислувајќи на повеќе задачи истовремено, значи губење на фокусот, недостаток на креативно рамислување и неспособност да се ужива во моментот. Ако сакате да се фокусирате и да најдете решение на проблемот, не го додавајте на останатиот “куп“ од проблеми. Излезете и прошетајте не свеж воздух. Исклучете го авто-пилотот и обидете се да го најдете курсот низ расеаноста од проблеми. Oставајќи му на мозокот простор да размислува, поблиску сте до одговорот што ви е потребен.

            3.Слушај, прашувај и играј

Како помлади ние секогаш дознаваме нови нешта.Ние секогаш се прашуваме, секогаш истражуваме, го впиваме знаењето и вештините за учење. Најчесто кога најмногу се забавуваме, најмногу и се смееме. Тогаш, зошто сето тоа исчезнува. Да се биде возрасен не значи да се откажеме од можноста за учење и уживање. Зачувајте го чувството за забава, што и да работите. Задржете го чувството на хумор, без разлика на тоа какви се околностите. Продолжете да поставувате прашања и слушајте ги одговорите внимателно. Покажете емаптија кон она што го слушате. Колку повеќе стареете, толку сте поискусни.

            4.Зголемете ја флексибилноста на мускулите

Способноста да се оттргнете од она што привремено вè одвлекува од вашата патека, исто така е одлична можност да развиете покреативни начини за работење. Ана требаше да го изгради од почеток нејзниниот  живот и кариера, пронаоѓајќи нови начини да ги извршува работите кои што претходно ги земала “здраво за готово“. Работете напорно и креативно, бидете флексибилни а тоа ќе ви помогне да се соочите со секој нов предизвик.

https://www.inc.com/bryan-adams/4-ways-to-rewire-your-brain-for-creative-thinking.html?cid=+sf01003&sr_share=linkedin

Bryan Adams