Завршување на важните работи е секојдневна борба за секој претприемач.Изговорот во борбата на претприемачот е “Човече,колку сум зафатен”. Дали сте навистина толку зафатени или едноставно се чувствувате добро додека го изговарате тоа.
Кога го прашувам претприемачот или бизнисменот “Зошто сте толку зафатени?” како одговор добивам рецитирање во вид на “to-do” листа или листа со активности. Но, што од ова навистина работите? Дали ги решавате важните работи од вашата листа ? Дали тие работи ви ги носат оние резултати кои се потребни за вашата работа да напредува .
Како “зафатен ” претприемач, можеби по грешка го оценувате успехот спред должината на вашата “to-do” листа или бројот на часови поминати на работа.Како крајна линија морате да го срушите ѕидот што го имате изградено околу себе и да најдете слобода во својата моментална секојдневна рутина.

Можете да почнете со уривање на ѕидот со одговарање на следнива прашања:

  • Дали сметате дека го губите времето и парите и пропуштате прилики?
  • Дали сметат дека сте вклучени во голем број “гасење на пожари” и чусвствувате како да се движите од криза во криза.
  • Дали трчате од задача кон задача без било каков мерлив и видлив напредок?
  • Дали се движите во повеке смерови истовремено со малку или воопшто време за вас?

Еве четири едноставни чекори кои ке ви помогнат да ги завршите важните работи:

1.ПРАШАЈТЕ

Почнете го секој ден со прашање: Која една работа морам/треба да ја завршам денес која ќе ме приближи до мојата цел или поскауваниот резултат.Најпрвин работете на тоа и завршете ја таа задача. Прво што мора да имате е конкретни и јасни цели.Без нив непостои начин да ги одредите најважните задачи.

2.ПРИОРИТЕТИ

Направете дневна листа на работи кои треба да ги направите:работете прво  на задачите со високи вредности.Задачи со високи вредности се они кои ги зголемуваат важните работни фактори како што се приход и профитабилност.Задачите со високи вредности се тие кои ви помагаат да ги оставрите вашите цели.Како такви , морате да ги дефинирате “високите вредности” бидејќи тие се однесуваат на вас и вашата организација.

o-MIRABAI-BUSH-PAUSE-AT-WORK-facebook3.НАПРАВЕТЕ ПАУЗА ДА РАЗМИСЛИТЕ

Направете мала пауза во текот на денот за да ја процените својата моментална ситуација.Дајте си прилика да потврдите дали работите на вистинските задачи.

4.ФОКУСИРАЈТЕ СЕ

Овој последен чекор е особено важен: Запрете со мултитаскинг(multi-tasking)! Веројатно можете да работите повеќе од  една или две работи истовремено, но не сте Супермен , а невозможно е навистина да се фокусирате на повеќе од една работа во исто време.Продолжете со мултитаскинг и резултатот ќе започне да се одразува на надостаток на фокус кон работата.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување