Лошото држење, како и традиционалниот модел на ергономија останаа статични. Во денешно време сведоци сме на преминот од традиционалната ергономија кон значително поактивните решенија кои го поддржуваат здравиот живот… она што е фокусирано на физичките, когнитивните и друштвените потреби на луѓето, разбирајќи го начинот на нивното поврзување. Тоа е премин кон благосостојба на работното место.
Подесување на вашата работна станица
Нашите тела се во постојана интеракција со нашето работно место. Физичката ергономија треба да се фокусира на движењето, ориентацијата, и да се вклопува во целото работно опкружување. Користете ги следниве совети за подесување на вашата работна станица за да си помогнете себеси и на вашата добра форма:
Општи подесувања за седење
Правилното подесување на столицата е голем чекор за физичка благосостојба. Без оглед на тоа колку столицата е напредна и модерна, ако не е прилагодена да ви одговара Вам на вашиот работен стил, нема да имате корист од неа.
Постојат одредени вообичаени карактеристики кои се наоѓаат на работните столици. Да знаете како правилно да ја прилагодите секоја од тие карактеристики според вашето тело ќе ви помогне подолго време да седите удобно. Вашата столица веројатно содржи една или повеќе од следниве карактеристики:
Позиција на наслонот на столицата
Подесивиот отпот на грбонаслонот им овозможува на луѓе со различни големини да ја прилагодат силата на отпорот за навалување на столицата. Силата за навалување се подесува кога можеме да се навалиме на столицата без пребрзо да паднеме назад или без премногу да го туркаме грбот назад. Столицата треба да се навали со оптимална брзина и мал притисок од корисникот. Кога ќе се потпрете, задниот дел на столицата би требало комотно да ве поддржи во опуштена позиција на седење.
Лумбална поддршка
Многу столици нудат подесива лумбална поддршка или целосно подесив грбонаслон. Висината на лумбалниот дел најправилно е прилагоден кога лумбалната поддршка целосно се вклопува во лумбалниот дел од вашиот грб.
Агол на грбонаслонот
Оваа функција овозможува избор на степен до кој се подесува навалувањето на наслонот. Столиците со закочување ви овозможува да изберете навалување во неколку агли. Столицата со заклучување ви овозможува да изберете или целосно навалување или исправена положба. Целосното навалување од време на време го елиминира стресот врз вашата кичма и рбет. Аголот на седење во смисла на позицијата на вашиот грб треба да се постави така што ќе ги задоволи вашите лични преференци и потреби.
Длабочина на раконаслоните
Длабочината на раконаслоните треба да се намести така што ќе можете да ја повлечете столицата близу бирото, притоа вашите раце да не ви сметаат при оваа активност. Притиснете ги раконаслоните така што ќе добиете пријатна поддршка за вашите раце.
Ширина на раконаслоните
Ширината на раконаслоните треба да се прилагоди така што рацете треба да ви висат природно покрај телото.
Агол на раконаслони
Аголот на раконаслоните треба да се подеси така што ќе го прати аголот на подлактиците. Ова обезбедува максимален контакт меѓу вашите подлактици и раконаслоните што е многу корисно при работа на тастатура.
Висина на раконаслоните
Подесувањето на висината на раконаслоните ќе го намали напрегањето на рамената и на вашата кичма. Висината на раконаслоните треба да се прилагоди така што да можете да седите додека вашите подлактици се поддржани од раконаслоните без да ги спуштите рамената и искривено да седите. Вашите раце треба да бидат паралелни со подот и рамни на бирото и вашата тастатура.
Длабочината на седиштето
Подесивата длабочина на седиштето одговара на различните висини на луѓе. Правилното подесување на длабочината може да го намали притисокот врз колената и да пружи подобра поддршка во долниот дел на грбот. Ако длабочината е преголема, нема да создаде контакт меѓу телото и наслонот на столицата. Ако е прекратка, нозете се многу одалечени од работ на столицата, со што се врши притисок во задниот дел. Длабочината правилно се мести кога седите со долниот дел на грбот притиснат на наслонот и со простор од 5 до 7 цм меѓу работ на седиштето и задниот дел на колената, додека стапалата ви се одмараат спуштени на подот.
Аголот на работ на седиштето
Одредени столици имаат опции кои овозможуваат да се подеси аголот на предниот раб на седиштето. Други типови столици имаат преден раб на седиштето кој автоматски се витка, така што нема потреба од дополнителни прилагодувања за правилно седење. Овие две опции го ослободуваат притисокот од задниот дел на вашите нозе.
Висина на седиштето
Правилно прилагодената висина на седиштето ја зголемува удобноста при седењето и обезбедува лесен однос меѓу работното место и алатките. Висината на седиштето е правилна кога стапалата ви се рамни со подот или кога се правилно поставени на наслонувач за нозе, додека подлактиците се паралелни со бирото.
Монитор
Мониторот би требало да биде малку пониско од нивото на погледот и да биде без сјај. Општ совет е екранот на мониторот да биде помеѓу 45 и 71 цм оддалечен од очите. Држач за монитор со рамен екран, кој се наведнува и врти овозможува да го поставите на најдобра позиција, воедно да го наместите отсјајот и позицијата во однос на светлото, како и да го прилагодите мониторот кога го делите со некој. Ако екранот на лаптопот е ваш примарен екран, имајќи засебна тастатура и глувче ќе ви овозможат да се позиционирате доволно далеку од екранот. Држачот за лаптоп го крева лаптопот од работната површина така што екранот е со повисока позиција и со самото тоа го намалува напрегањето во вратот, кое може да се јави од гледање надолу.
Работна површина
Најудобната висина за вашиот работен простор е приближно до ниво на лактот. Фиксната висината на работната површина е стандардна за повеќето луѓе. Ако вашето биро е фиксно, размислете за додавање висински подесиво лежиште за тастаура и/или подесив држач за монитор заради поголема удобност.
Некои работни станици имаат можност за постепено подесување на висината на седењето. Ова ви овозможува прецизно да ги поставите своите работни уреди. Корекцијата обично се прави само еднаш, кога прв пат ќе се сместите во просторот, но може во секој момент повторно да се промени и одново да се прилагоди.
Подесивите работни простори имаат дијапазон на подесување од висина на седење до висина на стоење. Ова ви пружа можност да го намалите уморот и напрегањето. Кога би ја подесиле работната површина до висина на стоење, општо мерило е таа да биде на ниво на лактите.
Осветлување
Секоја канцеларија треба да има испланиран систем за осветлување и ако е можно да интегрира и природно осветлување. Поединечно осветлување треба да се насочи кон потребите на различните сектори. Тие потреби се разликуваат во зависност од вкупното ниво осветлување, дизајнот на работните станици и возраста на вработените.
Подесиво осветлување е особено корисно при читање и пишување, земајќи предвид дека во тие ситуации ни е потребно појако светло, додека за работа на компјутер е потребно послабо светло. Подесивото осветлување треба да биде позиционирано така што еднакво ќе го осветлува целиот документ или предмет што треба да биде осветлен. Осветлувањето секогаш треба да се позиционира така што ќе спречи отсјај на екранот на компјутерот.
Исклучувањето на подесивото осветлување на крајот од денот штеди енергија. Додавање на сензори за осветлување значително помага при штедењето на енергија кога работниот простор е празен. Многу од нас кои работат на компјутери ги гасат своите светла за да избегнат главоболка и напор во очите. Нивоата на осветлување при работа на компјутер не мора да се толку светли како при пишување или читање. За вашата лична удобност користете послабо и амбиентално светло при работа на компјутер, и обезбедете умерено осветлување при работа со документи. Флексибилното подесиво осветлување може да додаде светло таму каде е најпотребно.
Тастатура
Подесивата поддршка за тастатура помага при правилно држење на рамената, рацете и зглобовите. Дизајнот и карактеристиките на носечките делови на работната станица се важни фактори кога во прашање е изборот на тастатура. Поединец со широки рамења може да преферира поширок тип и подесување на тастатурата и глушецот, додека на поситни луѓе важно им е површината за глушецот да им биде поблиску до себе, за да се намали досегот на раката.
Вашата тастатура треба да биде позиционирана така што лактовите ќе бидат блиску до телото, а подлактиците се опуштени и скоро паралелни со подот, како и зглобовите рамни. Идеално би било да имате простор каде ќе може да ги одморите дланките и со тоа да го намалите напрегањето во зглобовите. Ова може да биде интегрирано во самата тастатура или можете да го постигнете така што ќе си набавите подлога за тастатура со перничиња за одморање на зглобовите.
Долг тип на тастатура или платформа за тастатура со интегрирана површина за глушец го позиционира глушецот блиску до вас така што не морате да посегнувате напред и назад меѓу куцањето и користењето на глушецот. Ако користите лаптоп во долг временски период, ве советуваме да користите екстерна тастатура и глушец. Ова ќе ви овозможи да го поставите екранот доволно далеку од очите и да ги држите рацете блиску до телото додека куцате – што е поудобно за вашето долготрајно правилно држење.
Потпирач за нозе
Ако не ви е удобно додека вашите стапала се дирекно на подот и чувствувате дека тие и нозете немаат доволно одмор, користете потпирач за нозе. Употребата на потпирач постигнува правилно држење, го намалува уморот и стресот на мускулите.
Во продолжение погледнете го видеото на Steelcase од вебинарот за ергономија и wellness.
Извор: Steelcase.com