Медениот месец на работа од дома заврши. Еве зашто работното место е поважно од кога и да било претходно.

Напиша Allan Smith, VP Global Marketing, Steelcase.

После работењето од дома и соработката на далечина, стана јасно значењето на работното место и се она што тоа го нуди: канцеларијата е повеќе од место за работа. Работното место поттикнува иновативност и раст, негува култура и чувство на заедништво, а истовремено овозможува алатки и ресурси кои им се потребни на луѓето за да бидат продуктивни. Има безброј придобивки од тоа да се има физичко место кое ги зближува луѓето во една организација. Во продолжение ви претставуваме 15 причини зашто е важно работното место.

1. Раст: Екомомијата после COVID-19 е во сезона на преживување, но наскоро се враќа економскиот раст. Растот зависи од иновативноста, а таа се активира кога креативните луѓе ќе се соберат да соработуваат на дизајн, прототипови и тестирања. Во исто време, додека лидерите ги менуваат стратегиите на “воените” соби и личните стратешки кампови, обезбедуваат места за воспоставување на нови приоритети, собирање околу визијата и поставување на теренот за раст.

2. Иновации: Истражувањата покажуваат дека успешната иновација е заснована на локација и вклучува различни деловни функции, прашања и активности на соседните или поврзани внатрешни организации. Дизајнот на работнoтo место ги поттикнува овие врски и промовира иновативни активности како градење модели, споделување содржина, тестирање на прототипи, повторување во реално време, собирање коментари и идеи и градење на зеднички напори со тимот. Дводимензионалната технологија едноставно не може да ја придвижи иглата како што можат тродимензионалните интеракции.

3. Култура: Искуствата го обликуваат однесувањето, а однесувањето со текот на времето станува култура. Колективното однесување и нормите на организацијата, како од лидерот, така и од вработените, создаваат етос различен за таа група на луѓе. Комбинирање на различи гледишта, спонтани состаноци во ходникот и ручек со колегите обезбедуваат можности за раскажување приказни, градење на односи и подучување – работи кои што неможат да се реплицираат преку екранот.

4. Еластичност: COVID-19 покажа дека еласитчноста е поважна од било кога. Да се има силна културна основа и простории опремени за промовирање на индивидуално одлучување е клучно за способноста на организацијата да ја менува брзината и ресурсите за поддршка на неочекувани нарушувања. Силното, одлучно лидерство и здравите тимови се столб на иновативното, флексибилно и еластично работно место кое може да се свитка, но не и да се скрши.

5.Креативност: Креативноста е вродена и единствена човечка способност на генерирање идеи, решавање тешки проблеми, препознавање на можности и замислување на нешто подобро. За разлика од надворешно, строго, соло искуство на кое му недостасуваат соодветни алати, креативноста цвета кога технологијата и просторот ќе се соединат за да го поддржат размислувањето и работењето во секоја фаза од процесот на идеи.

6.Соработка: Соработката е клучно, деловно однесување кое е директно поврзано со растот и иновациите. Дополнувајќи се едни со други со идеи, користејќи лепливи белешки за креирање идеи и воведување на другите преку дискусии, се помага во развој и зацврстување на нови концепти. Говорот на телото и другие неизговорени однесувања обезбедуваат социјални сигнали кои лесно можат да се пропуштат кога не се одвиваат во живо. Кога секој состанок започнува и завршува на време, нема простор за случајности.

7.Дигитална трансформација: Ако компаниите не размислуваа за дигитална трансформација пред COVID-19, сега сигурно размислуваат. Организациите се принудени да се натпреваруваат и да управуваат со низа нарушувања – внатрешни и надворешни, домашни и глобални. Лансираат нови деловни модели, воспоставуваат “воени”простории и ги опремуваат тимските соби со претпоставка за интеракции лице в лице. Во време на стрес и криза, нема замена за собирање за брзо откривање, проценка и решавање на проблемите.

8.Врска: Иако работата од дома обезбедува одреден степен на приватност, тоа исто така може да доведе до изолација , осаменост и депресија. Без тимови за поддршка и групна работа, луѓето се чувствуваат исклучени и неангажирани. Притисокот расте, а компанијата се бори да идентификува нови таленти и брзо да ги пополни клучните улоги. Во исто време, луѓето кои не комуницираат со други или не учествуваат на работното место, ризикуваат да станат ирелевантни, потценети или занемарени. Овие фактори не само што влијаат на индивидуата и неговиот/нејзиниот развој на кариера, туку влијаат и на организациската способност да го пополни приливот на таленти, да прават планови за непредвидени сигуации и да ги идентификуваат идните лидери. Да се има место за создавање на значајни врски е поважно од кога било.

9.Агилност: Агилната работа им помага на тимовите брзо да се прилагодат на забрзаните циклуси на учење, но ова бара и екосистем кој поддржува различни чекори на учење и ниво на повторување и соработка што најдобро се случува во живо. Како што се развуваат идеите и се појавуваат прототипови, способноста за моделирање и поместувањето на мебелот е клучна за да им помогне на тимовите да се здружат на начини што најдобро го поддржуваат нивниот брз, постојано променлив начин на работа.

10.Комуникација: Точно е дека комуникацијата може да се одвива преку технологија, но ние веруваме дека нешто се губи во постојаниот дводимензионален свет. Интернтет платформите, праќање на пораки и низата аплиациии дизајнирани за поддршка на тимовите се неопходни инфрастуктури, но тука постојат и опасности. Постојаната употреба на екранот или телефонот може да доведе до замор, деконцентрација, па дури и намалување на продуктивноста. Одржувањето на контакт е од витално значење за движење напред и не постои вистинска замена за комуникација лице в лице.

11.Привелкување и задржување: Работното место е клучна алатка што им помага на организациите да привлечат, задржат и ангажираат таленти. Просторот не само што ја претставува компанијата, туку испраќа важни културни сигнали за тоа што новите таленти може да очекувааат од вашата организација. Има ли избор и контрола? Дали постојат друштвени простории за средби со колегите? Иако технологијата може да помогне во некои елементи, како воведување во работата, тешко е да се изгради заедница и да се негуваат односите што треба да вклучат таленти и зајакнување на тимовите.

12.Благосостојба: Просториите прават да се чувствуваме згрижени, создаваат чувство на смиреност и потреба за работа. Распоредот на просторот може да поттикне движење и да понуди ергономска поддршка, а добро дизајнираниот простор може да обезбеди емоционална и психолошка заштита. Стратегијата за зголемување на благосостојбата на вработените треба да посвети внимание на просторот и неговото влијание врз луѓето. Оставањето на “работата на работа” е здрав начин за создавање на потребната рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот.

13.Распределба на работата: Работа низ временски зони, влегување во домовите на луѓето, бучавата и визуелното одвлекување на внимание, создава присуство на разлики и ја предизвикува способноста на тимот да се фокусира. Гласовите се отсечени, луѓето ненамерно упаѓаат во меѓусебниот разговор, не сфаќајќи дека се пригушени или една личност доминира во разговорот, не можејќи да ги открие знаците на говор на телото или културните норми. Просторот овозможува побогато искуство во соба која ја поддржува и изедначува тимската работа, правејќи ја канцеларијата заеднички простор.

14.Технолошка интеграција: Потопните екосостави дизајнирани да ги зближат луѓето и технологијата на едно место, не само што ја зголемуваат продуктивноста, туку поддржуваат нови начини на работа. Интегрираната технологија и производите со високи перформанси обезбедуваат дополнителен квалитет на просторот со набрзина додадена, неоптимизирана технологија во заедничката канцеларија.

15.Управување со промените: Иако споделувањето на промените може да се постигне преку технологијата, најдобрите практики за управување со промените доаѓаат преку моделирање на нови одесувања и зајакнување на заедничките очекувања. Непланираните разговори во ходникот, раскажување приказни и времето пред и по состаноците, се вредни можности да се остварат врски во време на неизвесност. Демонстрирање на посакуваните резултати, заедничкото учење и “walking the walk” секогаш ќе бидат помоќни од самите зборови.

 

Работното место е многу повеќе од збир на луѓе, технологија, архитектура и мебел. Добро дизајнираниот простор ги подржува сите различни начини на работа и ги зближува луѓето и технологијата за да се зголеми продуктивноста, да се подобри благосостојбата и да се изгради доверба со интеракција лице в лице. Бидејќи организациите се прилагодуваат на промените со кои се соочуваат додека работат за време на пандемија, имаме можност да ги зближиме луѓето кога им се потребни човечки врски и да им помогнеме на компаниите да одат напред.

 

Извор: Steelcase.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување