Delight ви предлага 10 совети за создавање зелени канцеларии и начини како да ги започнете уште денес!

Работење без хартија

Обидете се да го ограничите непотребното печатење. Во современите канцеларии печатењето веќе не е неопходно. Некои од идеите за ограничување на употребата на хартија вклучуваат праќање на сите дописи и известувања преку електронска пошта и складирање на истите на Google cloud. Исто така можете да почнете со користење само на производи од 100% рециклирана хартија, како и да побарате FSC сертифицирана хартија.

Отстранете ја пластиката

Заменете ги пластичните чаши за еднократна употреба или шишињата со вода, и наместо тоа поставете балон за повеќекратна употреба. Исто така можете да размислите и за нарачка на шишенца со логото на фирмата и така да се придружите на целата канцеларија.

Намалете, повторно употребете и рециклирајте!

Овој совет делува очигледно, но доколку рециклирањето не е лесно достапно и видливо за вработени, има голема веројатност и да не се извршува. Погрижете се во вашата канцеларија да има јасно означени и лесно достапни канти за рециклирање. Рециклирањето е многу повеќе од обично ставање на старата хартија во плава канта. Поттикнувањето на колегите за повторно да ги користат работите како старите мапи и бележници, не само што ќе помогне на околината, туку и ќе ви помогне и вам да заштедите пари.

Не користете отровни средства за чистење

Многу стандардни производи за чистење на канцеларијата содржат јаки хемикалии кои можат да ја оштетат околината, па дури и нашата кожа! Размислете и побарајте од вашата компанија за чистење да користи зелени производи или пак префрлете се на онаа која ги користи тие производи.

Ограничете го греењето и ладењето

Иако ви се чини дека не е возможно да се најде совршена точка за канцелариската температура која ќе им одговара на сите вработени, само неколку мали промени, како што е исклучување на термостатот преку ноќ и воведување на повремено облекување во летните месеци, навистина може да помогне за намалување на трошоците. Бидете сигурни дека вашиот HVAC состав е во најдобра состојба и редовно проверувајте го, што исто така многу ќе ви помогне да користите што помалку енгерија.

Префрлете се на eco-friendly грицки

Обезбедете секојдневни производи за вашата канцеларија, како што се грицките, кафето и чајот. Побарајте локални компании од вашата околина и додатно придонесете за намалување на јаглеродното испуштање. Не само што ќе и помогнете на околината, туку и ќе го подобрите здравјето на вашите вработени.

Направете зелен одбор

Одредете тим од вработени кои ќе ја водат вашата канцеларија во донесување на трајни и зелени одлуки. Тоа ќе помогне во подигнување на образованието кај сите, како и ќе придонесе за соработка помеѓу вработени кои порано немале шанса да работата заедно.

Исклучете се!

Запомнете да ги исклучите сите компјутери, принтери/копири и други електроапарати кои нема потреба да останат уклучени и преку ноќ, што ќе ви помогне за намалување на потрошувачката на енергија. Компјутерите можат да се сетираат на енергетски ефикасни подесувања и мониторите автоматски да се исклучуваат после подолго време некористење.

Подесување на светлината

Подесувањето кога и како ќе го употребувате осветлувањето во канцеларијата може да има голем ефект на потрошувачката на енергија. Исклучете ги светлата кога напуштате некоја просторија (или инсталирајте сензори на движење) и размислете за користење

природна светлина како алтернатива колку што е можно почесто. Отстранете ги сите стари сијалици кои трошат многу. Најдобрата опција на eco-friendly сијалици за вашата канцеларија се флуоресцентните CFL и LED сијалиците.

Зелено патување

Поттикнете заедничко користење на превозните средства меѓу вработените или понудете им бесплатен превоз организиран од компанијата. Некои работодавци даваат бонуси на возачите кои возат велосипеди, го делат превозот со други или користат хибридни возила. Размислете за можноста на работа од дома, посебно за вработените кои долго се возат до работа. Тоа ќе го намали загадувањето, а воедно и ќе го зголеми слободното време на вработените. .

Имплементирање на барем неколку од горенаведените опции во вашата канцеларија може да има голем ефект за намалување на загадувањето од страна на вашата компанија.

Delight ве охрабрува да ги зголемите своите напори за одржливото работење. Само мали промени на канцелариските решенија се потребни за разгледување на одржливоста при следната прилика за преуредување на работниот простор. Delight Office Solution во соработка со Interface ве поттикнува на употреба на неутрални подни решенија како еден од влијателните начини на одржливост на вашето работење. Кога дизајнирате и поставувате 1000м2 Interface подни облоги, надоместувате еквивалентна емисија на јаглерод од единаесет повратни летови меѓу Њу Јорк и Париз.

Izvor: https://workdesign.com/2019/04/10-tips-for-creating-a-sustainable-office/