Вклопување на идејните искуства во вашиот модел на работење е веќе честа пракса во индустриите како што се малопродажбата и угостителството, каде искуствата на корисниците и гостите се темелни предуслови за успех. Еден од најбрзо растечките трендови на компанијата Delight е и желбата за искуство од секојдневниот живот која се преточува во ново движење наречено “простор предводен со искуство„.

Трендот вклучува голем број на карактеристики, од кои сите орбитираат околу аспекти на “човечкиот потенцијал” за оптимизација на просторот, чија цел е да се даде приоритет на работното искуство. Просторите предводени од искуство се карактеризираат со специјализирани подобрувања фокусирани на вработените, чија цел е развивање на општата благосостојба, негување на задоволствата, градење на заедница и зголемување на моралот за сите – од приправниците до извршните директори кои се на чело на компаниите.

Овие својства обично се отелотворени од духот на компанијата, а не од една големина, која одговара на сите.

Просторите предводени со искуство се карактеризираат со следните својства (меѓу другите фактори):

– Пристап до масажи и простор за консултација со киропрактичар

– Простори за медитација

– Акупунктура и понуда за холистични лекови

– Пристап до простории за јога и ленти за одење/трчање

– Ѕидови за качување

– Espresso и коктел барови

– Простори за играње игри

– Корпоративни спортски натпреварувања и сали за вежбање (во и надвор од канцеларијата)

– Музички и театарски сцени

Простории за социјализација

Имајте на ум дека вработените сè повеќе го гледаат работното место како средство за социјална активност и мора да вклучите начини за социјално ангажирање на вашите вработени. Би биле изненадне колку работата и стратегија може да се развијат додека луѓето се дружат и негуваат меѓучовечки односи, што последователно влијае врз подобри работни односи и соработката на самите вработени.

Delight ви предлага да создадете простор за опуштање на вашите вработени, како соба за одмор или друштвени игри во самиот работен простор, со маси за пинг понг или некоја друга физичка активност. Осмислете оддел во вашиот канцелариски простор за среќни моменти и прославувајте ги специјалните деновите како родендени, венчавки и

новороденчиња. Можноста за извршување на некои лични работи додека вработените се сеуште во канцеларија може да ја продлабочи нивната посветеност на работата.

Работодавачите кои вложуваат заеднички напори околу осмислувањето на различни начини за стекнување на искуства во работните простории, кај своите вработени согледаа директен и позитивен ефект на нивниот ангажман, продуктивност и лојалност. Ние знаеме дека промената може да биде тешка, па експертите на Delight можат да ви дадат „свежи’’ идеи за декорирање на вашиот деловен простор и да ви помогнат да го прилагодите вашиот простор за подобро работно искуство на вашите вработени.

Izvor: https://www.ambius.com/blog/office-design-trends-to-watch-out-for-in-2019/

Autor: Zack Sterkenberg