Во Interface, убедени сме дека нашето модуларно решение има моќ да ги придвижи луѓето. Со екпертизата на архитекти и дизајнери, подот може да придонесе во просторот и корисниците да се развиваат, живејат, работат, учат и регенерираат. Мислиме дека здравјето и среќата на луѓето кои го користат просторот е клучна одоговорност на сопствениците, архитектите, дизајнерите и бизнис лидерите – поради етиката и поради тоа што е добро за бизнисот.

+Positive spaces™ се средини кои имаат позитивни влијанија. Овие влијанија се резултат на просторот и луѓето кои го користат. Важно е да се разбере дека простор не е исто што и соба. Просторот може да биде мал колку омиленото столче во библиотека или големо колку град или пак цела планета. Дури може да биде интернет простор. Аплицирајќи го во изграден простор, се однесува на способноста на внатрешната средина да придонесе со палета на специфични, просторни моменти кои нудат избор на луѓето, алати и дозвола за работа на начин како што тие сметаат дека треба.

Дизајн = оптимизам

Од нашето искуство, повеќето дизајнери се оптимисти. Веруваме дека можеме да издизајнираме подобар начин. Во изградена средина, сето ова е креирање на простории што инспирираат и поддржуваат луѓе, задоволувајќи ги нивните потреби. Верувавме на нашата интуиција со години кога се работеше за внатрешен дизајн, но последните декади, науката за ефективност на просторот стана извор на конкретен избор.

(Не)ангажираност

Историски, луѓето користејќи го просторот не можеле да најдат или креираат средина која што им била потребна и да се чуствуваат добро во неа. Се преместивме од кабини во отворен простор, без да сфатиме дека една големина за сите најчесто не функционира добро. Монолитниот ентериер во екстремност го игнорира фактот дека некогаш ни треба време во кабина, време за соработка, приватно време за телефон, време за дремка и време да седиме на сонце и да мечтаеме, се заедно во истиот ден.

Предизвикот на денешното време е да се креираат +Positive spaces, средини кои ја поддржуваат продуктивноста, креативноста и благосостојбата на корисниците,
наместо да се минимизираат трошоците. За среќа, бизнис сферата е на наша страна.

Идеи за иднината

Земајќи ја во предвид иднина, јасно е дека помладите генерации на работници, студенти и пациенти кои ќе ги користат установите ќе бараат избор, различност и контрола.

Мораме да понудиме флексибилност – дозволувајќи на луѓето да растат и креираат свој простор за средби, свој ритам и традиции. Успешни простории се сметаат доколку истите одговорат на барањата и се приспособуваат на новите културни услови – во секаков вид на изграден простор. Канцеларии, високо образование, угостителство и здравствени установи почнуваат да личат се повеќе една на друга. Ако просторот нуди избор помеѓу сонце и сенка, стимулација и рефлексија, соработка и приватност, имаме чувство на контрола и благосостојба.

Од наше искуство, ние одговорот го бараме во модуларноста и природата. Најдобрите простории се составени од споени, меѓусебно зависни зони, исто како шума. Модуларните блокови за градење нудат флексибилност, фунционалност и естетика за создавање на овие +Positive spaces™. Тие провоцираат поголема ангажираност.

#PositiveSpaces

Во 2017 и понатаму, сакаме да го развиеме +Positive spaces™ во најширока смисла. Нашиот модуларен систем на подни облоги нуди уникатен опус на дизајн и функционалност за креирање на простории кои што се вклопуваат во целината без да се наруши целосната естетика. Ние ја прошируваме нашата понуда со подни облоги кои можат да се комбинираат со нашите водечки подни облоги.

Сакаме да креираме движење околу самата идеја за +Positive spaces™. Кажете ни што за вас значи +Positive space, и зошто ве придвижува? Дали ве стимулира бојата, луѓето околу вас или пак може погледот преку прозорот? Како креирате +Positive spaces?

Останете позитивни.