Овој текс е дел од Steelcase 360 анализи за работа на далечина

Како да соработувате со тимот кога не сте со својот тим. Луѓето кои работат од далечина мора да работат многу повеќе за да видат, слушнат или да бидат слушнати.

Gale Moutrey, потпретседател на одделот за бренд искуство и иновации на работното место во Steelcase.

 

socialdistancingatwork

Прашајте кој било, што работи со својот тим од далечина и ќе ви каже дека е тешко. Тимската работа бара доволно и кога седите рамо до рамо со своите колеги во иста просторија каде можете да видите, слушнете и да разберете што се случува. Но кога работите од далечина може да настанат нови потешкотии:

– Разговорите преку телефон може да звучат како луѓето да си влегуваат во збор
– Не сте во можност да ја видите таблата, ако сте вие тој кој работи од далечина
– Врската преку видео или телефон често може да биде не конзистентна и да го прекине протокот на комуникација или уште полошо, целосно да ве искучи од разговорот
Коментирате нешто преку телефон и сите во просторијата молчат – се прашувате дали тие заборавија дека сте таму или превртуваат со очите?

Ви звучи ли тоа познато?

 

coffeatwork

 

 

Истражувачите за услови на работните места ова го викаат “непропорционално присуство”. Тоа значи дека луѓето кои не се присутни во просторијата со својот тим се во неповолна положба. Не само што ви недостасуваат предмети на состанокот, ви недостасуваат и спонтаните разговори пред и по состанокот.

“Луѓето кои работат од далечина мора да работат многу повеќе за да можат да видат, слушнат и бидат слушнати”, вели Gale Moutrey, потпретседател на одделот за бренд искуство и иновации на работното место во Steelcase.

Работењето во живо е речиси секогаш подобро, но понекогаш тоа не е можно – без разлика дали е поради тоа каде живеете, работите од дома или неможете да патувате. Но научивме многу работи за тоа како да ја искористиме технологијата и да дизајнираме простории кои овозможуваат работење како да сме лице в лице со останатите.

 

easelroom

Во почетокот на 2000-та година истражувачите во Steelcase почнаа да проучуваат каква е тимската работа кога се работи од далечина, бидејќи се повеќе организации сакаа да ја искористат силата на глобалните тимови за забрзување на иновациите. Откриле дека поврзувањето на луѓето од различни култури помогнало во создавање разновидност и довело до помоќни идеи. Но исто така, видоа дека разликата во присуството е повеќе од само непријатност. Не е невообичаено луѓето да се фрустрираат и да се чувствуваат напнати физички, психички и емоционално. ”Ако организациите сакаат тимовите да работат поефикасно од далечина и да создаваат иновации, ќе треба да ги подобрат искуствата за луѓето да останат ангажирани и продуктивни”, вели Moutrey.
Погледнете ја галеријата на просторни решенија кои помагаат да се отстрани растојанието како бариера помеѓу тимовите.

Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/research/articles/topics/working-from-home/breaking-distance-barrier/