Живееме во време кога сме под постојан стрес, денес на сите работни места има многу тензија. Компаниите дошле до сознаниа дека транспарентноста и колаборативните простори придонесуваат да стресот се контролира. Лидерите сакаат да бидат впечатливи управители на културата на компанијата. Но, има моменти кога информациите треба да останат приватни. Мониторите од големи размери помагаат при заедничката работа. Но, просториите преградени со стаклени ѕидови можат да прикажат чуствителни податоци на луѓето кои поминуваат во близина. Дали единственото решение е да ги повлечеме завесите и да ги затвориме вратите? Не би рекле така.

Casper Cloaking Technology (Каспер технологијата на прикривање), од Designtex даваат решение за овој проблем користејќи архитектонски филм за стаклени ѕидови кои што ја блокираат можноста на луѓето да видат што има на дигиталните екрани внатре во собата. Луѓето кои што поминуваат можат да видат лица и гестови, но не можат да ја видат содржината прикажана на ЛЕД или ЛЦД екраните кои се внатре.

Моментот со светилката

Како многу големи идеи, така и технологијата на прикривање започна со обид за решавање на сосема друг проблем. Matt Mead, кој ја раководи канцеларијата за менаџмент на информациски технологии и иновации на Steelcase, се обидувал да го надмине предизвикот со внатрешната видеоконференциска мрежа. Тој требало да смисли како луѓето да работат во простории со прозорци додека ги користат камерите. Природната светлина има позитивно влијание на луѓето, но истовремено ја затвора зеницата на камерата правејќи ги луѓето во просторијата како еден куп на силуети на параван.

Каспер истовремено им дава на луѓето транспарентност и доверливост. Плус, луѓето знаат дека работи бидејќи можат да го видат во акција.

Mead го памети денот кога Каспер дојде кај него. Тој возел велосипед кон работа на особено сончево утро кога го погодила идеја од детството. Скршнал од патот кон продавница каде што ја тестирал неговата теорија за светло и Каспер се родил.
„Почнавме да експериментираме со тоа што можеме да направиме и што не можеме, ” – вели Mead. „Преку таа работа, продуктот стана повеќе рафиниран и личеше дека имаме нешто што би било пионерски.”
За да идејата што ветува да стане нешто практично и убаво, Mead се обратил на Andy Graham, шеф на иновации во Designtex.com

Емотивни реакции

Кога Graham се вклучи, технологијата со наметка работеше, но изгледаше глупаво и не беше убаво на око. Тој помогна со графичко решение на фолијата што дојде до поелегантно решение, решение со кое на луѓето нема да им пречи да го инсталираат на видно место на работните простории.

„Тоа што е нјаинтересно во врска со Каспер е тоа како ги воодушевува луѓето” – вели Graham. „Луѓето ги влечеа своите пријатели за да го видат на NeoCon минатата година – одејќи напред-назад обидувајќи да сфатат како работи. Генерираше повеќе интерес и ентузијазам од било кој друг продукт во кој што сум бил инволвиран”. Како факт, Graham го започнал својот прв бизнис во 1977.

Покрај овациите на национално ниво од публикациите на Fast Company и Wired, Mead се шокирал исто така и од реакциите на луѓето. „Кога го претставуваш пред луѓе, тие остануваат со своите усти отворени” – вели тој.

Каспер истовремено им дава на луѓето транспарентност и доверливост. Како плус, луѓето знаат дека работи бидејќи можат да го видат во акција. Паметниот штит обезбедува приватност на податоците и дава слобода и мир на луѓето да соработуваат слободно во секоја работна средина.