Генерацијата Z и официјално стана дел од работната сила и доаѓа со свои очекувања. Allwork.Space разговараше со Katie McHugh, директорка за дизајн и Amy Leigh Hufford, дизајнерка на ентериери во фирмата NELSON Worldwide, со цел да дознаат како оваа генерација ќе го промени работното место.

Извор: Steelcase.com

Работното место постојано се развива, нешто што е сосема природно со доаѓањето на нови генерации во составот на работната сила и заминувањето на старите работници во пензија. Последните неколку години голем дел од разговорот за работното место им се припишува на милениумците…,  нивните преференции, незадоволства и споредувањата со претходната генерација.

Отворени канцеларии, неделни happy hour, флексибилен распоред, смел мебел и лежерна облека се резултат на влегувањето на милениумците во работната стила и бара друг стил на работа. Но, милениумците повеќе не се млада генерација на вработени; генерцијата Z официјално влезе во составот на работната сила и доаѓа со сопствени очекувања.

Генерцијата Z е првата генерација родена во дигиталната ера, што значи дека е порасната со технологија. Паметните телефони, друштвените мрежи, интернет продажбата и непосредната размена на пораки се дел од нивниот секојдневен живот уште од нивното раѓање.

Нормално, тоа ќе влијае на нивните очекувања во работата и работните места. Allwork.Space разговараше со Katie McHugh, директорка за дизајн, и Amy Leigh Hufford, дизајнерка на ентериери во фирмата NELSON Worldwide со цел да ги разбереме клучните разлики помеѓу генрацијата Z и милениумците и како би морала да се смени динамиката на работните места како што генерацијата Z се повеќе станува дел од работната сила.

Извор:Steelcase.com

Allwork.Space: Кои се клучните разлики помеѓу генерацијата Z и милениумците?

Katie McHughи Amy Leigh: Клучните разлики се во начинот на кој овие две генерации комуницираат, зависно од нивниот општ развој. И покрај тоа што милениумците се сеуште возбудени кога одржуваат состаноци и тренинзи во живо, со цел да учат физички, звучно и дигитално, поголемиот дел “соработници” од генерацијата Z преферира да учи по електронски пат.

Генерцијата Z е група која се чувствува многу поудобно да ги искажува своите чувства, додека милениумците пораснаа во време во кое многуповеќе се криеа сопствените чувства и вредности. Тоа е така затоа што генрацијата Z израсна во време на радикален индивидуализам, во кое е поважно изразувањето на својата личност и чувства.

Тоа не значи дека сакаат бироа полни со ситници кои симболизираат кои се –оваа генерација обично го носи срцето во ракав и верува во работата која ја создава и вредноста која нивната генерација може да и ја даде на фирмата. Милениумците ги бодрат “соработниците” од генерацијата Z и ги водат низ најдобрата пракса на она што успеало во минатото со што им помагаат да ја разберат силата на тимот наспроти индивидуализмот.

Allwork.Space: Споменувате дека генрацијата Z претпочита да се запознаваат и едуцираат дигитално, како ова ќе влијае врз дизајнот и динамиката на работните места?

Иако некои милениумци се родени со технологија, поголемиот дел не е и морала да се научи да се прилогоди кон истата во текот на своето растење. За некои милениумци паметните телефони станаа популарни во средношколските денови – но други до тоа време веќе неколку години имаа завршено факултет. Но, големата ралика во генерации на милениумците го отежнува нивниот однос со технологијата. За поголемиот дел, новиот бран технологија, односно друштвените мрежи и интернет продажбата, не беа клучен дел од нивното детство и растењето.

Меѓутоа, генерацијата  Zе родена со технологија во рацете – со паметни телефони од мали нозе, знаење дека интернетот може да им овозможи се што им е потребно и со директно набљудување на членовите на семејството и нивното потпирање на технологијата како да постоела отсекогаш.

Создавањето на работно место кое ќе биде функционално за оние кои и понатака сакаат пауза од технологијата и користат повеќе конкретни, физички алатки како хартија, маркери и секако состаноци со интеракција лице в лице е едноставно; но да се урамнотежи со поединци кои не познаваат живот надрвор од технологијата е она што претставува вистински предизвик.

Извор:Steelcase.com

Allwork.Space: Природно, генрацијата Z е поснаодлива со технологијата и е водена од истата. Кои се врвните технологии кои генерацијата Z ги очекува на работното место?

Генерацијата Z ќе сака подобри начини за меѓусебно дигитално поврзување – тоа може да значи видео комуникација од дома, истовремено работење на иста програма од различни локации (ефикасен пристап на делење на работата) и користење на друштвените мрежи на работното место како средство за размена на приватни информации.

Генерацијата Zисто така ќе бара иновативни начини за споделување на информации со клиентите – ќе сака процеси и методи кои овозможуваат најдобро искуство, како virtual reality, создавање на видео записи пред готовите презентации и поголема достапност на физички визуелизации на макети. Генерацијата Z ќе сака, за кој и да работи, – без разлика дали станува збор за клиенти, поголема фирма или сопствана фирма – примателите на нивната работа вистински да ја искусат пред да ја купат.

Allwork.Space:Кои дополнителни преференции и интереси на работното место ги препознавате од генерацијата Z?

Иако милениумците се чувствуваат удобно движејќи се напред-назад помеѓу работење на своето работно место и работење на повеќе друштвен, отворен простор, дознаваме дека генерацијата Z е повеќе заинтересирана да биде подалеку од работното место – но и понатаму да биде изолирана.

Генерацијата Z, на технологијата како канал за комуникација, се потпира повеќе од било што друго – тоа не ги прави асоцијални; односно тие се најдруштвената генерација до денес. Но, тие не ја сакаат илузијата на типичен канцелариски живот; нивната предност е во тоа што чувствуваат потполна флуидност помеѓу работата и домот. Генерацијата Z сака секој простор да овозможи релаксација и одмор и нијанси на дизајнерска естетика.

 

Извор: Workdesign.com