Нашата креативна архитектка Ирина Јанковска те советува како својата домашна канцеларија да ја претвориш во работна оаза во која работењето е вистинско уживање!

1. Локација!

За позиционирање на домашната канцеларија, најпрво треба да размислите каде и како ја извршувате својата работа. Одберете локација каде што има природна светлина и поглед, додека во просторија без прозорец, над работната маса позиционирајте убава фотографија или својата столица сместете ja така што ќе гледа кон влезната врата.

2. Работната маса во центарот на вниманието

При одбирање на масата посветете внимание на 3 работи:
a) Димензиите кои одговараат на вашиот начин на работа, во зависност од тоа дали работите на лаптоп или на компјутер со повеќе екрани,
b) Ништо во домашната канцеларија не создава поголем неред од несредени кабли. Внимавајте вашата маса да вклучува простор за нив на површината или држачи.
c) Овозможете си опција за стоење. Изборот насочете го кон модерни работни маси кои овозможуваат и седечки и стоечки начин на работа.

3. Удобноста е клучна

Вложете во добра работна столица. Со саати седите на вашата столица додека работите, затоа убава, ергономска и удобна столица вреди за сите пари.

4. Зидовите обојте ги во тоновите кои ги сакте

Боја која мотивира. За некои луѓе тоа е светла и жива палета на бои како портокалова и лимета зелена, додека на други им се потребни посмирени нијанси како ботаничка зелена или “морска пена” сина за подобра мотивација. Исто така, во предвид може да ги земете и самолепливите тапети.

5. Прилагодете го осветлувањето

Канцеларијата со добра светлина ќе го намали напрегањето на очите и потенцијалните главоболки. Позиционирајте го мониторот така што да нема отсјај од прозорецот или светлина која паѓа над главата и поставете мала работна лампа на масата за потребите на одредени задачи. Важна работа која треба да се земе во предвид при изборот на светло во работниот простор; белата светлина ја зголемува продуктивноста, додека жолтата светлина може да предизвика чувство на замор и намалена продуктивност.

6. Максимизирајте го просторот

Организацијата е особено тешка во малите простории. Додатоците како организатори на масата, Mobile Caddy (закачалка за ташна), лична конзола за закчување на масата, полици и сл., може да ви помогнат да го организирате вашиот работен простор, додека сите потребни алати ви се на дофат на рацете.

7. Внесете личен стил

Вашата домашна канцеларија би требало да биде вистински приказ на вашите лични вредности и вашиот стил. Инспирирајте се. Одберете добро стилско парче, врамете посебна фотографија за на работната маса – која ќе ве мотивира да создавате и својата работа секогаш да ја завршувате до крај.

8. Декорирајте со растенија

Кога поминувате многу време во некоја просторија, растенијата ви овозможуваат да се чувствувате поврзани со надворешниот свет. Големо масивно растеније, вазна со цвеќе или сукуленти, исто така додаваат фина доза на боја во вашиот домашен работен простор.