Ангажманот на вработените е многу значаен фактор затоа што тие ја водат организацијата кон економски раст и тогаш кога условите на пазарот се нестабилни и подложни на промени. Кога вработените ќе станат незаинтересирани, компанијата губи пари, проектие се успоруваат, се трошат ресурси, страдаат ангажираните вработени, а целите тешко се постигнуваат. Поради тоа ангажманот на вработените е едно од клучните прашања со кои денес се соочуваат водечките светски компании.

Организациите може да имаат неколку незаинтересирани вработени, но многу управители не разбираат колку е значаен тој проблем. Едно истражување покажало дека повеќе од една третина од вработените во 17-те најважни светски економии се незаинтересирани, а третина е некаде во средина – не прават штета на својата компанија, но и не постигнуваат значајни деловни резултати. Како и другите сложени проблеми со кои се соочуваат менаџерите денес, ангажманот на вработените има многу варијанти кои е тешко да се дефинираат. Продолжувајќи го повеќегодишното истражување за работата и работните места, Steelcase соработува со глобалната фирама за истражување Ipsos за да открие како работната околина влијае на ангажманот на вработените. Поставени се следните прашања:

Може ли просториите стратешки да се искористат за да се влијае на ангажираноста на вработените?

Кој вид на промена во работното опкружување ќе има најголемо влијание?

Резултатите од ова истражување покажале дека работното опкружување може да допринесе за зголемување на ангажираноста на вработените или да ја намали. Исто така се идентификувани областие во кои би било најкористно да се направат промени. Ова се важните заклучоци:

  1. Ангажманот на вработените е во позитивна корелација со задоволството на работнот место.

Податоците покажуваат дека кај вработените кои се од различни аспекти задоволни од своите работни места, присутно е поголемо ниво на ангажираност. Само 13% од вработените ширум светот се многу ангажирани и задоволни од целокупното работно искуство.

 

  1. Ангажираните вработени имаат поголема контрола на целокупното работно искуство

Поангажираните вработени имаат поголема флексибилност при изборот каде и како ќе работат. Тие лесно може да се движат по канцеларијата, да менуваат позиции и да бираат каде сакаат да работат за да ги завршат дадените задачи. Ова истражување покажува дека клучен принцип на дизајнирање на работното место е обезбедување на различен простор – за групи и поединци, мобилни или статични вработени – како и обезбедување јасна политика за работа што им  овозможува избор на вработените.

 

  1. Фиксната технологија е почест избор од преностната – и тоа во однос 2:1

И покрај глобалното прифаќање на мобилни уреди за лична употреба, многу од испитаниците изјавиле дека нивните организации имаат двојно поголема количина на фиксна технологија од преносна. Вработените на кои им е потребен пристап до дигитални информации може да се почувствуваат врзани за нивните работни места и со тоа помалку да се дружат со вработените кои физички не се во нивна близина. Со оглед на промените во начинот на функционирање, организациите ќе мора да размислат за усогласување на својот работен простор и технолошките стратегии.

  1. Традиционалните стилови на работа и понатаму се распространети

Дизајнот на работното место и работното искуство се разликуваат многу, дури и во соседните земји, при што две третини од вработените велат дека работат во индивидуални или заеднички канцелрии. Целосно отворените канцелрии завземаат значителен процент од сите работни места – скоро една четвртина – но тие дефинитивно не се пракаса. Ниту една крајност – целосно затворени или целосно отворени кацеларии – не е вистинско решение, а резултатите од ова истражување покажуваат дека организациите не оствариле соодветно напредување во дизајнот. Од таа причина тие не бележат зголемување на ангажманот на вработените.

  1. Културните разлики влијаат на нивото на ангажирање

Културните норми и економските разлики на земјата во која живее вработениот влијаат врз неговите перспективи за работа и физичкото работно место. Може да влијаат и на тоа колку се задоволни вработените од работното место и од целокупниот ангажман.

Ова истражување е спроведено на 12 480 канцелариски вработени во 17 земји и покажа дека ставовите на вработените за нивното работно место се поврзани со нивото на ангажирање. Вработените кои се многу задоволни со своите работни опкружувања исто така се и најангажирани. Спротивно на тоа, оние кои се крајно незадоволни од своето работно опкружување се целосно незнаинтересирани.

Извор:

https://info.steelcase.com/global-employee-engagement-workplace-comparison-emea?hsCtaTracking=72ae1696-404d-4cfe-8fdd-10416612717c%7C76728872-4890-4dbc-b0fa-7bfaf67e0923#compare-about-the-report