Прилагодливите маси “Ology” се направени во согласност со физиологијата и биологијата на работниците и се дел од работната средина во која владее свеста за здравјето.

ГРИЖА ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА РАБОТНОТО МЕСТО

На секое работно место, крајната цел се здравјето и благосостојбата на работниците. Работна средина во која владее свеста за здравјето, ги штити најзначајните инвестиции на компанијата и обезбедува највисока можна продуктивност, ефикасност и иновативност.

Прилагодливите маси “Ology” се направени во согласност со физиологијата и биологијата на работниците и се дел од работната средина во која владее свеста за здравјето

Подобрување на физиологијата на работа

При употреба на “Ology” прилагодливата маса, многу е лесно да се промени висината и положбата на телото. Неговата практична, интуитивна контрола ја зголемува свеста за здравјето на секој корисник.

Ергономија прилагодена на индивидуалните потреби

Бирото “Ology” е достапно со интегрирана мултифункционална партиција која може да се користи за просторна поделба, дополнително осветлување и како место за складирање на опремата за работа. Исто така, партицијата може да се прилагоди на специфичните потреби и услови за работа на секој корисник.

Друга достапна опција е мекиот раб, кој значително помага да се намали нездравиот притисок врз подлактиците и чувството на тензија во рамениците и вратот.

Биологија за благосостојба на работното место

Работната површина на секоја маса е покриен со микроби, а 80% од инфекциите може да се пренесат само со допирање. Масата “Ology” е достапна со сопствена Bactiblock® природна и високо ефикасна заштита од бактерии, вградена во компонентите на масата.

Оваа издржилива и долготрајна заштита за најчесто употребуваните области на работната површина, ја поддржува благосостојбата на секој корисник на масата “Ology”.

За подобар ден на работа:

https://www.delightoffice.mk/p/канцелариски-мебел/канцелариски-бироа/ology-5/

Izvor:https://www.steelcase.com/content/uploads/sites/10/2018/09/16-E0000044_Ology_Brochure_EMEA_EN.pdf

Autor: Steelcase.com