Пред приближно десет години, почнаа да се појавуваат кооперативните простории, предлагајќи решенија за стартување на компании и фрилансери. Меѓутоа, во последно време и тука се вклучија и големите технолошки компании. Тие сега се во потрага на предностите кои ги дава поделениот деловен простор. Последователно, големите медиумски конгломерати, како и новоодржливите технолошки гиганти, ги преселуваат своите вработени во кооперативни и инкубациони простории. Овие простории се опремени така што Fortune 500 компаниите имаат подобар пристап до новинари, иновации, таленти, но и намален трошок.

Големите компании воведуваат кооперативни простории за да ја поттикнат иновативноста  и размената на идеи. Технолошките гиганти како Verizona, IBM и Microsoft моментално тестираат такви простори за да се приближат на иновативните старт-ап компании. Ако сте компанија која е во пораст или мало претпријатие кое сака да остави трага, нема подобар од старт-ап начин тоа да се постигне.

Еден од трендовите кои што произлегоа од кооперативните простори, како што се Galvanize, The Alley i Rise од Њујорк, е интеграцијата на инкубациските  простории во стратегии за развој. Нудејќи простор и окружување со бројни извори, овие компании можат да собираат и задржуваат членови кои го активираат старт-апот на една компанија. Компаниите формираат партнерства со кооперативен простор, бидејќи тоа им го олеснува опстанокот на врвот во полето на технолошките иновации и врвните таленти. Тие сакаат да се заштитат од потенцијалните прекини во производството и одблизу внимателно да ги разгледаат потенцијалните цели што сакаат да ги остварат. Лизинг просторот во кооперативната просторија може да им помогне на многу начини: да привлече талентирани луѓе, да ја следи конкуренцијата и да пронајде потенцијални цели. Еве неколку примери на такви партнерства во последните неколку години:

Во 2016 година, мултинационалната банка Barclays започна со акцелераторски старт-ап во Њујорк по име Rise, која стана партнер со TechStars. На овој начин, тие добиваат 3 спрата од кооперативен простор, аудиториум со 100 седишта и сали за состаноци со технолошки помагала.

IBM стана партнер во компанијата за соработка Galvanize, во нивната новаотворена канцеларија во Њујорк. Понатаму, во март 2017 година, IBM објави нов работен план и програма за работа со која се продлабочува иновативноста со помош на потенцијалното окружување за учење на Galvinize. Ова е когнитивниот курс на IBM, кој ја обучува следната генерација на научници и програмери од областа на вештачката интелигенција. Потоа, на 19 април 2017 година, IBM објави историски договор за преземање на целата зграда на компанијата WeWork, за да добие 600 нови вработени.

Microsoft исто така дојде на насловната страница на крајот на 2016 година, одлучувајќи да им се одобри на 30% од вработените (во одделот за продажба) во Њујорк преку пристап до локациите на WeWork. Мајкрософт ја разјасни својата желба за вклучување во старт-ап културата преку пофлексибилна работна канцеларија. Се создаде тренд. WeWork неодамна објави големо спојување на кампот за обука во Њујорк во областа на кодирање на името на Flatiron School. Целта на овој потег е да им помогне на младите програмери при вработување во компаниите членки на WeWork корпорацијата.

Просториите за соработка престанаа да се поврзуваат само со старт-ап компаниите и помалите фирми. Според тоа, компаниите како што се Microsoft или IBM ги изнајмуваат просториите на корпорацијата WeWork за да имаат каде да ги стават своите вработени и да ги тестираат поблиските партнерства. WeWork моментално управува со целата зграда на IBM во Greenwich Village и ја води канцеларијата на Airbnb во Берлин и канцеларијата на компанијата Amazon во Бостон.

Овие нови трендови го поттикнаа фокусот на компанијата WeWork да постигне партнерство со компании кои ги изнајмуваат своите простории. Нивниот портпарол споменува зголемување на бројот на корпоративни клиенти за 90% помеѓу јуни 2016 и јуни 2017 година. Исто така, тие забележаа пораст од 360% во бројот на работници кои работат на далечина од партнерските компании. Според магазинот претприемач, WeWork корпорацијата во моментов вреди околу 20 милијарди американски долари.

Иако WeWork е најголемиот играч на Њујоршката сцена, Jason Saltzman, основачот на кооперативниот простор Alley, зрачи со самоувереност.

Во јуни 2017 година, Alley најави ново, досега невидено партнерство со Verizon, водечка компанија за телекомуникации, која дозволила Alley да отвори нови локации во Њујорк, Кембриџ и Вашингтон. Нивното партнерство, познато како “Alley powered by Verizon”, е повеќе од договор за поделба на приходите. Извршните директори на Verizon очекуваат да имаат корист од различни методи на мрежно поврзување.

“За нас, вистинската вредност лежи во добивање на претприемачи во нивните згради и запознавање со нивните вработени”, рекол John Vazquez, потпретседател и менаџер на недвижности во Verizon. “Ние разбираме дека новите пронајдоци ќе произлезат од Verizon и сакаме да бидеме дел од нив”.

Со ова партнерство, Alley привлекува сè повеќе и повеќе корпорации од оние кои ги имаше веќе привлечено во раната фаза на старт-апот. “Пред неколку години, многу мултинационални корпорации дури и не размислуваа за изнајмување на кооперативен простор, но тоа може да се промени за неколку години”, вели Saltzman. “Како јас на тоа гледам: соработката е најбрзото средство за растење и така и ќе остане”.

Многу компании даваат предност на флексибилноста и природата на соработката во која плаќате се повеќе како што растете “, додаде тој.

Saltzman посочил три фактори кои придонесоа за проширување на кооперативниот сектор: континуиран раст на старт-ап културата, пофлексибилна глобализирана работна сила управувана од технологијата и милениумската генерација. Оваа комбинација на фактори, продолжува Saltzman, промовира аспекти на споделување и воведување искуства од економијата.

Понатамошниот раст најверојатно ќе продолжи да го менува изгледот на канцеларискиот простор.

“Ќе има различни понуди и брендови кои ќе ги задоволат потребите на сите сегменти на пазарот”, рече тој. “Покрај тоа, сопствениците на комерцијални објекти ќе станат пообразовани и посвесни за различните видови на соработка, така што тие ќе можат да се одлучат за оној вид кој им одговара”.

Поврзана тема: Седиштето на WeWork е репрезентативна кооперативен простор.

Корпоративната употреба на флексибилни канцеларии се зголемува.

Неодамнешно истражување спроведено од комерцијалната брокерска фирма CBRE покажа дека 44% од корпорациите веќе користат некои од формите на флексибилен отворен канцелариски план. Податоците од истражувањето, кои се однесуваат на корпоративните менаџери за сопственост, покажуваат дека раководителите очекуваат потребата за флексибилен канцелариски простор да расте во претстојните години.

65% од компаниите очекуваат соработка да стане составен дел од нивниот бизнис во Северна и Јужна Америка до 2020 година. JLL, голема брокерска куќа, предвидува дека до 2030 година и до 30% од вкупниот канцелариски простор ќе биде флексибилен или отворен, барем во еден дел. Истражувањето открило широк спектар фактори на страна на кооперативниот начин на работа – од финансиска стимулација до потребата за поттикнување на соработката и иновациите.

Во последните неколку години евидентиран е постојан број на одлуки за изградба на ново седиште на компанијата. Со цел да се подобри продуктивноста на вработените од милениумска генерација, Pricewaterhouse Cooper (PwC) неодамна ги претвори сите свои канцеларии во САД во отворени простори за соработка без индивидуализирање на  работните бироа. Apple, Google, Facebook, Linkedin, GE, SalesForce, American Airlines и Workday ги имаат завршено или најавија планови за новите канцеларии.

И додека најавата за изградба на ново седиште во компанијата Амазон привлекува многу внимание, растот на овие компании и нивниот апетит за простор оди далеку од домашните канцеларии. Мотивацијата за проширување на работната сила произлегува од желбата за блискост со клучните партнери, но и потребата да се искористат дополнителните таленти. Поттикнување на растот на компанијата на различни пазари, го прави користењето на флексибилен канцелариски простор корисна алатка за понатамошно проширување.

Дури и големите компании кои влегуваат на нови пазари обично започнуваат со релативно мали, но квалификувани тимови. Во такви случаи, заедничкиот простор за работа има смисла, за да ги задржи трошоците под контрола и да ја поедностави логистиката. Забрзаниот раст на  тимовите, бара додавање на  простор. Несигурноста во овој поглед понекогаш го принудува компаниите, како што се American Express, Merck и Business Insider, да бараат привремени простори. Ова им овозможува на своите вработени да им ги овозможат посакуваното чувство на традиционална канцеларија, но без традиционална финансиска обврска од 5 до 10 години.

Според Zoltanu Szalasu, директорот за партнерства од апликацијата за соработка со Croissant, “корпорациите ја признаваат соработката како остварлива опција за своите вработени. Има многу придобивки од корпорацијата, кога вложува во недвижности и целосно ги користи сите понудени решенија – како WeWork и Knotel. “

Croissant ја препозна потребата и создава нов производ кој одговара на различни типови на корпорациски работници. Целната група е оние кои работат оддалеку и оние кои патуваат. Консултантски компании како McKinsey имаат илјадници консултанти кои патуваат 3 или 4 дена неделелно во канцелариите на клиентите. Тие во моментов дизајнираат соодветно решение за ваквите вработени.

„Croissant им помага на патувачките советници во деновите кога тие не се на терен, да организираат состаноци на флексибилни места наместо собири во кафуле, каде што брзо можат да дојдат на приватни состаноци со клиентите и да резервираат конференциска сала преку апликацијата “, вели Салас.

Потребата за заеднички простори за соработка го преплавена САД, но и  остатокот од светот,со неколку големи корпорации кои ја избраа оваа опција во текот на последните неколку години.

Голем број фактори влијаат на потребата за соработка. Работните места во телекомуникации се зголемуваат, а независни работници – кои работат на договор, програмери, фриленсери и сличен персонал – го сочинуваат поголемиот дел од растечката работна сила. Корпорациите можат да ги видат можностите што ги нуди кооперативниот тренд. Тие можат да се приклучат на локалните иновации и да го регрутираат  врвниот, талентиран персонал, започнувајќи партнерства со кооперативни простори. Во исто време, компанијата ги држат своите очи отворени за нови и потенцијално револуционерни технологии кои би можеле да ја зголемат конкурентноста на компанијата.

https://www.entrepreneur.com/article/307085?platform=hootsuite

Andrew Broadbent