Очигледно е, благодарение на технологијата, денес многу луѓе се во можност да работат од секаде, носејќи ја канцеларијата во вашиот џеб, чанта или ранец. Значи, се повеќе и повеќе станува рутина понекогаш да излезете од работното место и да заминете во кафуле,книжара или на друго место во кое ви се нуди поопуштена атмосфера. За разлика од канцеларијата, во овие алтернативни простори лесно е да се сместите во удобна столица и да ја извршувате работата слободно и природно (опуштено).

Меѓутоа, повеќето луѓе прилично брзо сознаваат дека “било каде” може да биде убава промена на темпото но, придобивките се краткорочни. “Било каде ” речиси сигурно ќе биде бучно место со недостаток на алатките и технологиите од кои зависиме и до кои имаме лесен пристап од работното место. Од лепливи парчиња хартија и бели табли до пристап за електрична енергија и печатач. Покрај тоа, тимовите ризикуваат губење на драгоцено време, додека некои членови ги бараат оние удобни “омилени” простори да работат на проектите. Многу работодавачи од прва рака знаат, колку помалку време луѓето поминуваат на работа, толку е помала веројатноста тие да бидат целосно ангажирани.

15-0006165

Во “светлината” на овие трендови се поставува следното прашање: “Што ако нашите омилени места може да се вметнат во канцеларијата? Што ако работната околина се прилагоди на нас и ние не мора да се прилагодуваме на нea? ”

“Колку повеќе гледаме наоколу, повеќе откривме дека луѓето работат во различни положби. Зошто тогаш, во целост да не се интегрираат овие положби на работното место?”

“Луѓето сакаат слобода да работат на свој начин. Многу малку од нас седат цел ден, “врзани” за работнат маса и компјутер. Луѓето се движат наоколу и сакаат флексибилноста во работата која ги охрабрува кон самоизразување и автентичност.”

Токму тоа е она што Steelcase им дава(нуди) на луѓето слобода, флексибилност и спонтаност.