Практични решенија за врати со вграден “рамен” дизајн

Дизајнот на DEKO PD Portal вратата вклучува монтажни горни и странични панели што овозможуваат дискретно поставување електрични инсталации како што се системи за контрола на осветлување, климатизација, брави и резервации. Со докажано намален звук до Rw 38 dB и неговите главни практични карактеристики, portal вратата е очигледно решение за паметни простории.

DEKO PD Portal вратите се практично решение за врата со вграден рамен дизајн. Стандардно, секој видлив дел на крилото и рамката на вратата е покриен со ист материјал. Горните и страничните панели се поставени на исто ниво со вратата од страната на ходникот, создавајќи пријатна рамна површина без видливи рамки и завртки. Ова дава елегантен впечаток на чисти прави линии. 

 

Флексибилно и прилагодливо 

Portal вратите се многу флексибилни и може да бидат прилагодени на секоја DEKO  FG застаклена преграда или да бидат вградени во ѕидови како тули, бетон и гипс картон. Сите елементи на portal вратите се меѓусебно заменливи. Portal вратите се достапни како масивни или стаклени врати со рамка и доаѓаат во стандардни димензии и дебелини на врати. Страничните плочи се достапни за една или двете страни на вратата. 

Крилото и рамката на вратата се флексибилни и може да се испорачаат во многу видови дрвен фурнир или боени по ваш избор. Ако ви е потребна исклучително висока врата, вратите се исто така достапни со горна плоча во истата завршница. Ова популарно решение не само што ја зголемува висината на вратата, туку и дава и уште повеќе карактер.

 

Дали барате решение 3 во 1 врата за вашиот следен градежен проект?

Барањата за функционалност, дизајн и звук не треба непотребно да се компромитираат едни со други. Со DEKO PD Portal вратите имате целосно решение за врата што ви дава можност за дискретна интеракција на електрични инсталации. Тоа е совршено решение доколку сакате да го олесните секојдневниот живот со паметни простории.

 

Ако сакате DEKO PD Portal врати за некој ваш проект или доколку ви се потребни дополнителни информации за производите, испратете маил на нашите експерти на office.macedonia@delightoffice.com или побарајте не на +389 2 3230 189.

Извор: Deko.com