Како нашите заеднички простории можат да се менуваат, за да ги задржат деловите кои ги сакаме, а истовремено да не чуваат сигурни кога се враќаме на работа?

 

 

Дизајнерите се соочуваат со предизвикот, како да ја усогласат потребата за добри работни простории во кои луѓето сакаат да се вратат на работа, со потребата за сигурност?

После повеќемесечна работа од дома, голем број на луѓе велат дека сакаат да се вратат на своето работно место, на овој или оној начин. Причините се конзистентни, без разлика на анкетите или студиите кои сте ги прочитале. Попродуктивни сме и повеќе уживаме во работата кога можеме да се поврземе со луѓето во канцеларијата. Студиите покажуваат дека полесно се наоѓаме, дружиме и поврзуваме со луѓето (планирано или непланирано) во живо.

Разноликите простории во канцелариите, кои поткрепуваат различни начини на работа, посебно соработка, нема да исчезнат. Напротив, ќе бидат уште попотребени, бидејќи иако успевавме да завршиме многу задачи преку видео, сеуште се бориме со генеративната работа која создава нови идеји и решава сложени проблеми. Ни недостасува вроденото човечко искуство за заедничка работа во простории наменети за поттикнување на креативноста и иновативноста.

Работејќи од дома, многу од нас просведочија дека нашите мрежи се намалуваат на само неколку прозори на екранот. Нашата способност за прилагодување на работа на далечина зависи од врските изградени со текот на времето низ спонтани интеракции и опуштени разговори во живо со колегите. Учиме зошто работното место е важно. Неформалните, заеднички простории во кои се дружиме, соработуваме, концентрираме и генерираме, ги прават нашите работни денови подобри и ни помагаат да создадеме проверени и силни односи.

Значи, како нашите простории да се развиваат, а истовремено да го зачуваат она што го сакаме и каде сме сигурни?

Принципи на перфомансот

Не беше многу одамна кога Work Design Magazine сподели истражување на Steelcase, кое го генерираа низ принципот на водење дизајн на заеднички простории во кои луѓето сакаат да работат и да бидат продуктивни. Овие принципи остануваат да бидат темел за друштвени и колаборативни простории со високи перформанси во свет после коронавирусот. Сепак новите дизајни мора да бидат решени со регулација на густината, геометријата и поделбата.

Близина: во денешно време близината значи физичко дистанцирање. Близината на мебелот мора да ја зема во предвид густината и растојанието на нови начини кои го почитуваат физичкото дистанцирање.

Приватност: секој вид приватност – акустична, визуелна, информативна ,територијална им помага на луѓето да се опуштат, слободно да разменуваат идеји и да ја направат својата работа повидлива. Но територијалната приватност добива ново значење за сигурност. Додавањето предгради создава граници со кои работодавците сакаат да ги заштитат своите вработани.

Држење: можност за различни положби на телото, седење, во висина на бирото, лежење, ниско седење, стоење – пружа поголема флексибилност и создава поголема оддалеченост – и овозможува промени во геометријата на распоредот на мебелот по потреба.

Личност: вибрацијата на просторот може да поттикне и да ги поврзе луѓето со брендот на компанијата и организациската култура.

 

Центарот за учење и иновации на Steelcase во Минхен користи клучни дизајнерски стратегии за густина, геометрија и поделба за да создаде отворени, заеднички простории, кои на луѓето им овозможуваат сигурен престој.

 

Предизвици во дизајнот

Во истражувањето на новонастанатите проблеми се откриени три главни предизвици во дизајнот за создавање посигурно работно опкружување во екот на пандемијата. Сфаќањето на физичката дистанца и густина, како и нивниот однос наспрема циркулирањето во веќе постоечкиот просторен контекст е клучно за решавање и развој на сигурносни смерови во заедничките простории.

Физичко дистанцирање – за да држиме растојание од 2 метри меѓу секој поединец, мебелот мора да осигура растојание и секој поединец ќе може да се придржува на препорачаната оддалеченост од другите.

Циркулација – луѓето ќе мора движејќи се во внатрешниот простор да одржуваат дистанца. Посигурна циркулација ќе може да се направи со адекватна ширина, насочени патеки и додатни прегради.

Просторен контекст – секој простор е различен и сфаќањето на контекстот е важно да се прилагоди на дизајнот. Дали зоните се отворени или затворени? Ѕидовите и мебелот се фиксни?

Циркулација на воздухот е ограничена? Стазите се тесни? Што треба да се промени за да се осигура адекватен простор и прегради?

Клучна стратегија на дизајнот
Густината, геометријата и поделбата се клучни стратегии кои може да се искористат во решавање на споменатите предизвици во дизајнот

Густина – намалете го бројот на луѓе сместени во затворен простор, за да може да се исполни потребата од 2 метри дистанца.
Геометрија – промена на распоредот на мебелот за да се зголеми одалеченоста и контактот лице в лице да се сведе на минимум.
Поделба – додавање на преградни панели за создавање граници и бариери помеѓу луѓето, просторот и стазите.

 

Намалениот број места за седење ќе ги поддржи барањата за дистанца, а преградите ќе создадат граници.

 

Ако се користат во комбинација со принципите на перформанс, овие стратегии можат да создадат заеднички простории во кои луѓето ќе можат посигурно да соработуваат и да се дружат. Заедничките простории нудат најголема можност за прилагодување според промената на дизајнот. Мебелот многу често е самостоечки и може лесно да се преместува, да се постави под различни агли или да се заштити со прегради.

Останати размислувања во врска со дизајнот можат да помогнат во создавање сигурни и привлечни заеднички простории како што се:

Користење отворени и надворешни простори за поголема флексибилност и физичко дистанцирање, како и зголемување на перформансот на овие простори со повеќе алатки и помагала.

Опремување на отворените, заеднички простори со алати за генеративна соработка како што се големи подвижни канцеларии, подвижни плочи како и колички за складирање на опремата за чистење.

Интегрирање на технологијата за посигурен престој на работното место, како би се овозможила поинклузивна и пораспространета соработка, која би ја пратела зафатеноста и густината во канцеларијата.

Дизајн за флексибилност, кој овозможува проширување на просторот и создавање поединечни места за седење, модуларност и флексибилни елементи.

Преиспитување и осознавање на смерот на поставување на мебелот, преградните елементи и прибор.

Напредокот на работното место мора да биде сигурен и истовремено не смее да го изгуби она што го прави привлечен простор за работење.

Дизајнирање инспиративни и сигурни заеднички простории со високи перформанси ќе користи и на вработените и на организациите, бидејќи тоа се простории кои потткнуваат продуктивност и иновација.

Автор: Ребека Чарбауски
Извор: Workdesign.com