Вести: седењето е новото пушење. Во денешно време, просечниот работник седи покрај работното биро 5 -7 часа дневно. Ова во голема мера го зголемува ризикот од дебелина,срцеви заболувања,рак на дебелото црево, дијабетес и многу други болести.

Луѓето не се создадени да поминат толку време  во седење и неодамна станаа свесни за овие факти – затоа се повеќе и повеќе компании се одлучуваат за работни маси покрај кои се стои,па дури и за апсурдни тркала за возење во човечка големина.

Долгорочното седење очигледно нè убива и не треба да го земаме “здраво за готово”. Некои вработени веќе се борат против седење на работа,бидејќи се свесни за тоа колку е штетно.

Футуристичкиот дизајн на ентериер,под влијание на хибридната уметност, го “носи” крајот на канцелариските поделби и раѓањето на “експериментална работна средина”.

Размислете за тоа каде седите и колку време поминувате во седење.